Насловна / Вести / Проект за ОУ „Димо Хаџи – Димов“

Проект за ОУ „Димо Хаџи – Димов“

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/info/statija5-1-130.jpgЛента која се одмотува

Верижната реакција од мали дисторзии на екстерната и особено ентериерната геометрија, зградата ја обвиваат со превез на необичност. Вака гледано, училиштето може да се сфати како лекција по феноменологија на перцепцијата.

 

 

 

Локацијата на новиот об јект на ОУ „Димо Хаџи – Ди – мов“ е сместена во стан – бено ткиво со ниска кат – ност и аголно е дефинирана со станбени улици, во населбата Влае. Проектот на објектот се те – ме ли на концептуална адап ти бил – ност и претставува успешен при – мер на урбан атрактор во ткивото. Објектот е засегнат од една страна со програмата, карактеристиките на контекстот, бараните услови и правила, а од друга страна со настојувањето на истиот да претставува место на образование соодветно на демо – кратските општества и критички одраз на глобалните тенденции. Со различните начини на реагирање (поместување), волуменот на школото се дистан ци ра од улицата, постепено се отвора кон јужната ориентација и се приспособува на ткивото со мало мерило, притоа создавајќи диференцирани отворени простори со различен карактер и употреба. Предложениот архитектонско- урбанистички концепт сугерира дека објектот не го окупира земјиш – тето, туку претпочита преку актив – нос тите да го гради местото. Струк – турата на просторот ја прават точки – места, правци, површини, волу ме – ни и богатство на нивни интеррелации.

 

Средбата, доживувањата и
разбирањето на објектот се оства -
рува преку движењето што започ -
нува преку атрактивно нагласениот
влез и тремот што се вовлекува во
објектот, за потоа да се дистри -
буира во три насоки. Главната на -
сока архитектонски се издвојува
преку коридор со променлива широчина, снабдувајќи синџир од
училници, кој континуирано се раз -
вива и го обвива објектот, и хоризон -
тално и вертикално. Втората насока
минувајќи покрај аулата и малиот
атриум води до рампата, правејќи
го објектот пристапен и за ученици
со посебни потреби. Третата на со -
ка, преку еднокраки скали овозмо -
жува директен пристап кон каби -
нетите со северна ориентација,
односно библиотеката.

 

Правилно избраната диспозиција
на архитектонските елементи-
скалила и рампи овозможува
ефикасно пристапување до сите
групи на простории за едукација
(училниците за целодневна настава
во приземјето и дневните престои,
кабинетите на првиот кат и
училниците за редовна настава на
првиот и вториот кат).

 

Групата простории за настав -
ници која е сместена во транс вер -
залното крило на првиот кат е лес -
но пристапна, со посебен службен
влез и има ефикасна контрола врз
сите други групи простории.

 

Обемната содржина на
училишната програма сместена во
лентовидни волумени со континуи -
рано оддиплување, дополнително го артикулира просторот градејќи
пејзаж на артефициелни и
природни секвенци. Училниците се
проектирани во конструктивен
модул 6м/9м, со ориентација од
исток до југ.

 

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/info/statija5-2-130.jpgВоочливиот ред во проектот зас -
нован на насочувачки линии, зони,
мрежи, систем на мерки и пропор -
ции, придонесува за полесно раз -
би рање на нештата, подобро пои -
ма ње на просторот и полесна ост -
варливост на проектот во практика.

 

Програмско-просторните групи
за наставници, фискултурната сала
со придружните простории и дис -
три бутивната кујна имаат дифере н -
цирани влезови од северната
страна на локацијата каде е
поместен и паркингот за вработени.
Архитектонското значење на
објектот за ОУ „Димо Хаџи – Димов“
е нагласено колку со неговата
волуменозност и чувствителен
современ вокабулар, толку и со
промислената организација на
просторот и неговата пристапност.

 

Во креирањето на објектот со
размотување лентовидни волумени,
есенцијален е карактерот на
училниците и нивните ориентации,
континуираната циркулација и
специфичната перцептуалност на
просторите. Коридорите како
простори за пристап и места за
средба претставуваат in/ between
простори, односно простори кои го
одвојуваат внатрешниот простор на
просториите за учење и
надворешниот простор на
атриумите / надворешниот јавен
простор на опкружувањето.
Верижната реакција од мали
дисторзии на екстерната и
особено ентериерната геометрија,
зградата ја обвиваат со превез на
необичност. Вака гледано
училиштето може да се сфати како
лекција по феноменологија на
перцепцијата.
Училниците се во остар контраст со приодните ходници и зрачат со
топли тонови. Нивните подови и
делумно нивните ѕидови се
обложени со дрво. Фасадната
обвивка на училниците и коридо -
рите претставува стаклен скрин
изработен од термоизола ционо
стакло по целата височина однад -
вор, а одвнатре е заштитен со тер -
мо изолационен парапетен панел
со височина од 90 см. Па нелот од
надворешната страна на спојот со
фасадниот стаклен скрин е обоен
во пастелни бои. Во училниците и
коридорите е предвидена и
дополнителна внатрешна заштита
од сонце (платнени ролетни,
венецијанер, вариолајт).

 

Очигледниот контраст помеѓу
употребените материјали, бетонот
и дрвото, епоксидната смола и
стаклото, полното и празното,
тесното и пространото, малото и
големото, парадоксално резултира
во кохерентен дизајн.
Вниманието во проектирање на
објектот е поместено од
„херметички“ простории (училници
и кабинети) кон живот во зграда со
карактер на континуитет и
отвореност. Внатрешниот дизајн на
објектот предизвикува чувство на
просторност, прегледност и
ориентација. Концептот на објектот
свесно го напушта павилјонскиот
систем како скап, енергетски
неефикасен систем во кој тешко
се воспоставува мониторинг над
учениците. Тој е прогресивен, како
од социјален, така и од енергетски
аспект.

 

Конструктивниот систем на
објектот се состои од армирано-
бетонски скелет и платна, а
распоните на фискултурната сала
и аулата се совладуваат со рамки.
Периферните ѕидови на
фискултурната сала се изработени
од транслуцентен материјал,
отпорен на удари и со светлосна
пропустливост во височина 1,75м.
Над покривната
конструкција на
салата е предложен
систем од метална
мрежа во височина од
7м. Ваквата
организација
овозможува покривот
да се користи како
отворен спортски
терен.

 

Спортскиот блок на
овој начин станува нов
амалгам на
артефициелниот
светлечки елемент и го
потенцира
карактеристичниот
идентитет на новиот
училишен објект.

проф. д-р
Зорица БЛАЖЕВСКА,
дипл. инж. арх.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top