Насловна / Градежништво / Мустафа Пашина џамија во Скопје

Мустафа Пашина џамија во Скопје

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/gradeznistvo/statija5-129.jpgПроект на ИЗИИС за зголемување на отпорноста на земјотреси

Оштетувањето на историските објекти е ненадоместливо. Оттука, морална и законска обврска на денешната цивилизација е да го заштити културното наследство со цел истото да се сочува за сегашните, и да се пренесе во сета негова изворност на идните генерации. “…..Проткаени со пораки од минатото, историските споменици од изминатите генерации опстојуваат во сегашноста како живи сведоци за некогашните традиции. Луѓето стануваат сé повеќе свесни за единството на човековите вредности и за старите споменици како заедничко наследство. Согледана е и заедничката одговорност во нивното сочувување за генерациите што доаѓаат.

Наша должност е овие споменици да ги предадеме на идните генерации со
целото богатство на нивната автентичност….” се вели во „Интернационална
повелба за конзервација и реставрација на споменици,”(Венеција, 1964).

Проблемот на реставрацијата на историските споменици радикално се разликува од проблемот на санација и зајакнување на останатите конструкции, поради приоритетот на зачувување на естетските, архитектонските и историските вредности во однос на потребата од опстанување на објектот во употреба. При процената на постојната сеизмичка отпорност на историскиот објект, инженерот се среќава со специфични проблеми, несвојствени за секојдневните модерни објекти, (начини на градење, тип на вградени материјали, комплексна историја на успешните измени во минатото, прогресивно пропаѓање со тек на време, непроценлива вредност како уметнички дела). Карактеристичната конструктивна целина, варијабилноста на вградениот материјал, како и степенот на оштетување и детериорација во текот на долгото опстојување, го прави секој историски објект случај за себе.

Зајакнувањето на конструкцијата на главната купола на Мустафа Пашина џамија се состои од формирање на хоризонтален појас од полимерно платно со карбонски влакна (CFRP Wrap) по обемот на куполата, која треба да обезбеди целосно покривање на зоната каде се јавуваат напрегања на затегнување согласно спроведените анализи. Зајакнувањето на носивите ѕидови се состои во вметнување на полимерни шипки зајакнати со карбонски влакна (CFRP bar) во постојните фуги на фасадните ѕидови и тоа на неколку специфични нивоа каде се очекуваат најголеми деформации за време на земјотрес. 

За време на земјотресот во Скопје 1963 година, конструкцијата на џамијата претрпрела оштетувања, и тоа доминантно во централната купола и куполите во тремот, источната фасада и минарето. Во 1968 година овие оштетувања биле санирани со примена на инјектирање со смеси на база цементен малтер и изведба на армирано бетонски серклажи.

Повеке во број 129, петок 23.04.2010

Испрати коментар

Scroll To Top