Насловна / Вести / И остеопорозата се поврзува со аерозагадувањето

И остеопорозата се поврзува со аерозагадувањето

Милиони луѓе ширум светот се соочени со остеопорозата. Досега, као примарни фактори на ризик најчесто се споменуваа стареењето и недостатокот на  витамин Д, но стручњаците неодамна како една од причинителите  ја посочија и долготрајната изложеност на аерозагадувањето. Новата студија на Институтот за глобално здравје во Барселона, сугерира дека лошиот квалитет на воздухот е поврзан со намалувањето на густината на коските кај постарата популација, првенствено кај жените.

Во текот на истражувањето, анализирани се податоци за здравјето на коските и животните услови на над 3700 учесници, од 28 индиски села, кои покажале дека поединците кои често биле изложени на аерозагадување имаат пониско ниво на коскена маса.

Истражувачите претпоставуваат дека оваа појава е последица од оксидативниот стрес и воспалението предизвикано од  загадувањето на  воздухот,  бидејќи биле користени проценки на изложеност на  загадување на отворено, со посебен акцент на присуството на јаглерод и  ПМ 10 честички во воздухот.

ostheoporosis1

osteoporosis2

osteoporosis3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top