Насловна / Вести / Ново правило од ЕУ: Забрана за штетните хемикалии во фискалните сметки

Ново правило од ЕУ: Забрана за штетните хемикалии во фискалните сметки

Со почетокот на Новата година, во ЕУ стапи на сила забраната за користење на хемикалијата „бисфенол А“ во термалната хартија. Инаку, оваа хемикалија е идентификувана како супстанца „која предизвикува висока загриженост“  (Substances of Very High Concern – SVHC), а на неа највеќе с еизложени вработените во продавниците, кои во текот на целото работно време, секојдневно се во контакт со фискалните сметки. Освен во фискалните сметки, ја има и во другите видови на термална хартија, односно слипови од банкомати, потврди за плаќање, ливчиња со броеви за ред за чекање и сл.  ALHem во 2017 година спроведе истражување за тоа колку е присутна оваа супстанца во термалната хартија, хартиената и пластичната амбалажа за храна и сл. Резултатите покажале дека концентрацијата на хемикалијата била во опсегот  од 0,62 дo 0,91%, а дозволената вредност е  0,02%. Само во еден примерок, односно фискална сметка, не било најдено присуство на оваа супстанца. Станува збор за трговски ланец во Шведска.

Инаку, веќе е докажано дека оваа супстанца е токсична и предизвикува здравствени проблеми, а преку контакт со кожата може да стигне во организмот и да влијае врз развојот на плодот, како и работата на хормонскиот систем, да доведе до респираторни проблеми и проблеми со кожата. Станува збор за една од најкомерцијалните хемикалии во светот, која се произведува во големи количини, а се користи и во производството на поликарбонатната пластика. Ја има во рамките од очилата, кај спортските реквизити, како и кај пластичните шишиња за повеќекратна употреба. Сепак, забраната засега се однесува само на термалната хартија, откако претходно се запре нејзината употреба кај садовите за исхрана на бебиња.

bisfenol1

bisfenol2

bisfenol3

bisfenol4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top