Насловна / Вести / И денеска висока загаденост во Скопје

И денеска висока загаденост во Скопје

Утрово многу високо и високо ниво на загаденост е регистрирано во Скопје на сите мерни станици, во Битола, Кичево и Тетово.

Според податоците на Министерството за животна средина за квалитетот на воздухот, многу високо ниво на ПМ 10 честички има во Центар, Лисиче, Гази Баба и кај Ректоратот. Во Скопје денеска е најавена прва научна конференција за аерозагадувањето на која ќе учествуваат еколошките здруженија.skopje

Загаденоста на воздухот во Mакедонија e на алармантно ниво. Суспендираните ПМ10 честички достигнаа и до 1.000 микрогранули на метар квадратен од дозволени 50 микрогранули.

Граѓаните ги полнат болниците, а надлежните не успеваат да се справат со „отровниот“ воздух. Град Скопје за следната година најави дека ќе потроши 4 милиони евра за борба против загадениот воздух, но сепак тие неодамна признаа дека ефектот од мерките, граѓаните ќе го почувствуваат дури за 10 до 20 години.

Испрати коментар

Scroll To Top