Насловна / Архитектура / Хотелот Paradero во Мексико – бетонски структури се стопуваат со пејзажот

Хотелот Paradero во Мексико – бетонски структури се стопуваат со пејзажот

Бетон се спојува со околниот терен во хотелот Paradero на крајбрежјето на Мексико, проектиран од архитектите  Ruben Valdez и Yashar Yektajo.

Хотелот Paradero е сместен на локација од 2,2 хектари во Тодос Сантос, град на југозападниот брег на полуостровот Баја, пишува Dezeen.

2

3

Одморалиштето се наоѓа на рамно земјиште опкружено со семејни фарми и планините Sierra de la Laguna. Плажата е оддалечена 20 минути возење.

Проектантите во 2017 година, го основале архитектонското биро Yektajo & Valdez Architects, кое има канцеларии во Тодос Сантос и Лозана, Швајцарија.

4

5

Имотот се состои од серија бетонски структури во беж нијанса што се стопуваат со пејзажот. Блокот што содржи соби за гости има ѕидови кои се извиваат нанадвор, формирајќи внатрешни ходници и скали.

На одредени фасади се пробиени мали отвори во форма на триаголници.

„Триаголната форма произлезе од желбата да се има едноставен геометриски облик кој ќе ги „пробие“ ѕидовите на стратешки позиции“, велат архитектите.

8

Структурите се распоредени околу централна градина со плитка вода – конфигурација која зема траги од историските калифорниски мисии, а исто така им помага на посетителите да се чувствуваат поврзани со локацијата.

11 (1)

„Сфаќајќи ја околната природа како најважен елемент на проектот, имотот е организиран долж периметарот на парцелата, така што секој апартман и некои од заедничките простории имаат непречен поглед на околината“, велат архитектите.

Објектот е наменет само за возрасни и има 35 апартмани за гости. Некои нудат тераси на кровот со рамни висечки мрежи процврстени за ѕидовите, наречени „ѕвездени мрежи“. Има и апартман на три нивоа кој претставува луксузна резиденција.

16

13

До апартманите се пристапува преку патеки кои се движат низ градината.

„Кога еднаш ќе влезете, повторно го откривате околниот пејзаж преку внимателно организирана низа од внатрешни и надворешни простори, кои ги бришат границите помеѓу имотот и околината“, велат архитектите.

1

7

Собите се проектирани да служат како мирно прибежиште. Бетонските ѕидови и подови се споени со современ мебел во земјени нијанси и материјали, како што е бел кедар. Голем дел од декорот е направен од мексикански занаетчии.

6

„Ниту еден детал не е занемарен“, вели тимот: „За секое избрано парче мебел, беа разгледани повеќе од десет добавувачи пред да се донесе одлука“.

Хотелот нуди неколку заеднички простори, вклучувајќи бесконечен базен со палуба во форма на полумесечина. Во ресторанот се служат регионални јадења подготвени во кујна на отворено на лице место.

17

Пејзажот е проект на мексиканската фирма Polen. На локалитетот може да се најдат десетици ендемични растенија.

„Повеќе од 30 отсто од флората се одгледуваше од семе во стаклена градина на самото место, додека остатокот е купен од локални оранжерии“, вели тимот.

12

15

Овој хотел е прво во ланецот хотели Paradero – бренд за „мека авантура“ основан од Pablo Carmona и Joshua Kremer од Мексико Сити. Нивната цел е да создадат хотели кои пружаат доживувања на отворено, а и да помогнат за зачувување и издигнување на локалните заедници.

Познат по плажите, културната сцена и опуштениот амбиент, Тодос Сантос станува популарна дестинација за патниците.

14 9 10

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top