Насловна / Архитектура / Хидролошки парк во Кина со културолошки и рекреативни содржини

Хидролошки парк во Кина со културолошки и рекреативни содржини

Градежните потфати во Кина не само што се исклучителни, туку и ги поместуваат границите во градежништвото и архитектурата. Токму таков е овој воден проект на 6.746 квадратни метри, кој го потпишува архитектонското бирото DnA. Покрај тоа што е насочен на управувањето со водените ресурси, овој центар е всушност парк кој пружа културолошки и рекреативни содржини.

1_resize 2_resize

Кинеската река Сонгјинг е најважен воден ресур во истоимената област, па така низ историјата околу оваа река се формирале голем број објекти насочени на управувањето со водите за да се елиминираат проблемите со поплавилте или сушите, но и за да се обезбеди вода за наводнување на плодните ниви. Така Water Conservancy Center прво бил планиран како регионален центар за уредување на водите, меѓутоа 2016. година се дошло до идејата дека овој хидролошки парк би можел да има и музејски карактер.

3_resize

Архитектите од кинеското проектантско биро DnA програмот на центарот го прилагодиле со отварање на внатрешните функции – надзорни дворани, архиви и кантини – за јавност, пишува ArchDaily. Оддеднаш објект од водостопанството станал атрактивен простор кој мами погледи на минувачите, но и на струката.

8_resize

Формите на објектот се дефинирани со програмата, зградите кои се отворени за јавност се со лачен облик, додека сервисните блокови се линеарни.

12_resize

Амфитеатар на вода

Централниот лачен објект во форма на амфитеатар наменет е за организирање на активности на отворено, а завршува со кровни градини и тераси кои пружаат прекрасен поглед на околината.

4_resize

16_resize

Ваквото обликување на објектот дало одреден карактер на внатрешниот простор, во однос на формата и организација на природното осветлување.

18_resize

Карактеристика на центарот се и водени дворови, кои континуирано се сменуваат со објектите и пешачките прелази.

Крајната цел на проектот е Water Conservancy Center да стане урбан центар за граѓаните на руралните населби, овозможувајќи им место каде можат да се сретнат, но и нешто да научат и да се забават.

9_resize 5_resize 6_resize 13_resize 14_resize 17_resize 7_resize 水文总平面 水文_First Floor Plan 水文二层平面

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top