Насловна / Вести / Хибридни автобуси и соларни бродови предвидува проектот „Смарт Охрид“

Хибридни автобуси и соларни бродови предвидува проектот „Смарт Охрид“

Движење низ националниот парк Галичица и крајбрежјето со хибридни автобуси, низ Охридското езеро со соларни бродови, изградба на велосипедска патека од Охрид до Свети Наум, предвидува проектот „Смарт Охрид“ кој од страна на Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, бил промовиран пред охридската јавност, информира Ohridnews.com.Ohrid

Станува збор за концепт, во чија изработка беа вклучени експерти од областа на архитектурата, урбанисти, експерти од животна средина, социјална политика, предводени од професорот Стефан Бужаровски од Унивезритетот во Манчестер.

„Концептот подразбира мултитранспортен концепт, еден пункт за паркирање на возилата, од каде би се избирал различен начин на сообраќај за превоз до Свети Наум. Идејата е да се олесни и намали притисокот на сообраќајот врз националниот парк Галичица и врз локалното население со тоа што сите автомобили, или дел, би се пренасочиле на друг вид сообраќај“, објаснува Ана Чоловиќ Лешовска од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест.

Од центарот напоменуваат дека општината во моментот ги нема потребните средства за реализација на проектот, но додаваат дека постојат голем број донатори кои би се вклучиле во финансирањето. „Ние стоиме на рсполагање да ги донесме донаторите за ова да стане реалност“, вели Лешовска.

Според градоначалникот Јован Стојаноски, проектот оди во прилог кон решавање на еколошките проблеми во општината.

„Се разбира дека најголемиот проблем ќе биде изворот на средства за инвестиции. Би биле потребни околу 14 или 15 милиони евра, но сметаме дека со една поголема заложба на локалната самоуправа, на изготвувачите и централната власт ќе успееме“, изјави Стојаноски.

Вклучените во проектот потенцираа дека неговата реализација би овозможила доживување на природните убавини на Охрид и паркот Галичица на еден поинаков и поубав начин, без потреба од реализација на било какви големи проекти од видот на изградба на експресен пат, кои би биле на штета на природните убавини.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top