Насловна / Архитектура / „Архитектура за соседите“, прирачник за едукација на станарите

„Архитектура за соседите“, прирачник за едукација на станарите

Сите сме сведоци на немарниот однос кон архитектурата и објектите од нашето наследство, нагрдувањето на објектите со доградби, надградби, затварање на тераси, менување на прозорските отвори и многу други интервенции направени според „желба и потреба“ на станарите, а згора на се подржано со Законот за постапување со бесправно изградени објекти, или скратено Закон за легализација, кој бесконечно се продолжува.

9

Со слични проблеми се судираат и другите градови во регионот. Со цел подигање на свеста на жителите и едукација на граѓаните, што всушност значат објектите, зошто некој ги милсел и ги проектирал онака како што се изградени се занимавале архитекти од Белград. Во вистински или можеби последен момент составиле брошура која има за цел да ги едуцира станарите за зградите во кои живеат.

11
Авторскиот двоец го сочинуваат Владимир Дуловиќ и Милан Миловановиќ кои за издавачката куќа „Тачка комуникације“ со подршка на Министерството за култура и Секретаријатот за култура на град Белград, изработиле брошура „Архитектура за соседите“, како прирачник, која ќе се дели на станарите на зградите во потесниот центар на Белград. Основната идеја на овој проект е на станарите на вредните, а запуштени модернистички згради во Белград, им се доближи нивното значење и вредност за историјата на архитектурата, но и на самата култура на живеење.

14

15

Брошурата е резултат на обемна работа на терен
Имено, авторите пред пет години одлучиле во пет централни белградски општини да постават што повеќе паноа, преку кои станарите и посетителите ќе можат да се информираат за историјата на таа зграда, нејзиниот првобитен изглед, за тоа што архитектонски значајно и за нејзиниот автор и неговите останати дела.

7

Screenshot_2
По обработени 28 згради, Дуловиќ и Миловановиќ направиле рекапитулација на сработеното преку брошура „Архитектура за соседите“ која ќе биде поделена на станарите на тие згради, како и на сите заинтересирани.

Деталите ја прават суштината
Уводниот текст се занимава со белградскиот стан, како неизбежен чинител на станбената архитектура во меѓувоениот период, додека на крајот на брошурата има речник со помалку познати поим и изрази. Во централниот дел на брошурата претставени се обработените згради, кои се претставени со цртежи и основи на карактеристичните станови, превземени од Историскиот архив на Белград.

1
„Архитектура за соседите“ има и фотографии од фасади со разјаснети описи на детали кои се карактеристични за објектот: што е плитка лоѓиа, што е француски балкон, или што е еркер и зошто се овие елементи важнии во архитектурата на објектот.

2

Исто така, брошурата ги опишува и елементите во ентериерот кои се значајни за архитектонското наследство, како што се карактеристични скалишни огради, мозаици на под, подови од терацо плочки, материјали и форми на прозори и врати, сите оние фини детали кои денеска се мета на разни нестручни адаптации и реконструкции.

3 13

Комшија освести се!
Брошурата „Архитектура за соседите“ е важна бидејќи единствено на овој начин со едукација на станарите, можат да се потикнат повеќе да ги ценат објектите во кои живеат.

4

6

„Сведоци сме дека нашиот главен град пропаѓа поради разни надградби, доградби и застаклување тераси, па веруваме дека оваа брошура може да помогне повеќе да го цениме модернистичкиот Белград, но и нашаето целокупно опкружување“, велат авторите.
Брошурата сеуште е во дигитално издание и можете да ја погледнете тука.

8

Испрати коментар

Scroll To Top