Насловна / Арт и дизајн / „Гучи“ го отвори својот прв ресторан

„Гучи“ го отвори својот прв ресторан

guci restoran sangaj (10)

Сите посетители на бутикот „Гучи“ во луксузниот трговски центар во Шангај (IAPM) ќе бидат во можност да ја продолжат својата посета во гастрономската „работилница“ на модната куќа на „Гучи“, поточно во нивниот нов ресторан.guci restoran sangaj (9)

Ресторанот носи наслов 1921 Gucci, во чест на годината на основањето на познатата модна куќа, а менито во ресторанот главно се базира на италијанската кујна: брускети со тартуфи, лигњи со песто џеновезе, тирамису со манго и бројни други деликатеси.guci restoran sangaj (8)

Паралелно со вкусните деликатеси на италијанската кујна, посетителите ќе можат да уживаат и во луксузниот ентериер, кој го одразува духот на модната куќа „Гучи“: темнокафени топли тонови, дрво како доминантен материјал, интересни текстури, смели комбинации на бои и детали во златни нијанси. Посебно внимание било посветено на деталите – со златни букви рачно навезено лого на модната куќа на салфетките го потсетуваат секој гостин точно каде се наоѓа и колку е важно и достојно за врвниот луксуз.guci restoran sangaj guci restoran sangaj (2) guci restoran sangaj (3) guci restoran sangaj (4) guci restoran sangaj (5) guci restoran sangaj (6) guci restoran sangaj (7)

Испрати коментар

Scroll To Top