Насловна / Вести / Грција гради 6 постројки за добивање на енергија од отпад

Грција гради 6 постројки за добивање на енергија од отпад

Големите грчки компании кои се заинтересирани за изградба и експлоатација на постројки за согорување отпад кои ќе произведуваат електрична и топлинска енергија, чекаат владата да ја комплетира правната рамка и да објави тендери за изградба на 6 вакви постројки. Без овие 6 планирани капацитети, земјата значително ќе заостанува зад целите на ЕУ за намалување на уделот на депонираниот отпад.

Вкупниот годишен капацитет на сите постројки е проектиран на 1,19 милиони тони. Најголеми се проектот во Атика (356,000 тони) и Кожани (288,000 тони). Последнава постројка, која ќе биде лоцирана во близина на термоелектраната (ТЕ) на јаглен “Птоломеида 5“, треба да обезбедува околу 40% од потребите за топлинска енергија за греење во областа. Инвестицијата е проценета на 300 милиони евра. ТЕ “Птоломеида 5“ е планирано да биде затворена следната година, со што Грција целосно ќе го напушти јагленот како гориво.

Проценетото производство на електрична енергија од наведените 1,19 милиони тони отпад е 1.003GWh. Доколку овие постројки не се изградат, до 2030 година, 22,7% од отпадот во земјата ќе завршува на депонии. ЕУ таргетот е 10%.

Испрати коментар

Scroll To Top