Насловна / Арт и дизајн / Графики од Евгениј Пантев

Графики од Евгениј Пантев

Relics VIII, 50X70Во Културно Информативен Центар – Скопје , во Изложбениот салон – Империјал 2, вo тек e изложба на графики од ликовниот уметник Евгениј Пантев. На изложбата, тој се претстави со графики создадени помеѓу 2008 и 2013 година. Евгениј Пантев во својата уметност ја истражува максималната издржливост на ликовната постапка наречена сува игла. Како непосреден израз на графичкото мислење, сувата игла на Пантев му овозможува фина транспозиција на сопствената поетика, на цртачките промислувања и на композиционите гестикулации. Во една континуирана работа, Пантев ја продлабочува затворената можност на самиот медиум, ги манифестира наједноставните принципи – цртеж непосреден на плоча во еден креативен процес, додека придржувањето на техничкиот аспект на работата е и самата слобода во изразувањето. Пантев досега реализирал три самостојни изложби, а учествувал во над 100 групни изложби во земјава и светот. Изложбата во КИЦ ќе биде отворена до 16 ноември 2013 год.Relics XV,50X70, mixed technique Relics XIII, 50X70 Relics X,50X70,dry point-roulette

Испрати коментар

Scroll To Top