Насловна / Вести / Градината на Чарлс Џенкс

Градината на Чарлс Џенкс

Градината на вселенски размислувања (The Garden of Cosmic Speculation) е постмодернистичка градина на Чарлс Џенкс (1939-2019), теоретичар на постмодернизмот, дизајнер на пејзажи и историчар на архитектура.

3

Се протега на 12 хектари, започната е во 1988. година, во близина на Дамфриз, Шкотска (Dumfries, South West Scotland). Ја посветил на својата сопруга Меги Кесвик (1941-1995) која и самата се занимавала со дизајн на градини и како добар познавач на Кина, била експерт за орјентални градини.

1

Градината го добила името, бидејќи Џенкс, Кесвик и нивните пријатели научници, основата на дизајнот ја барале во природните и научни процеси. Целта на Џенкс била глорификација на природата, но исто така вградувал и елементи на модерната наука во дизајнот. Ремек делото кое го создале содржи пејзаж и скулптури темелени на ДНК спирали, црни дупки итн.

6

Брачниот пар внимателно ја планирал градината. Соработувале со научници и инженери по хортикултура за да направат дизајн на пејзажот кој ја спојува природата, науката и уметноста. Скулптуралната градина претставува неконвенционален пристап.

7 2

Иако оваа градина не е дом на растителна разновидност, нејзините полжави и симетрии во форма на полжави се интересни. Градината се состои од пет главни подрачја, кои се поврзани со бројни вештачки езера, големи бели скали, мостови и цик-цак тераси. Сите вгардени архитектонски дела се користат за приказ на приказната за создавање на вселената.

9

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Оваа приватна градина е затворена за јавноста, освен еден ден секоја година. Отворена е за посетители преку програмата Gardens во Шкотска. Посетите се допуштени во првата недела во мај и бројот на посетители е ограничен на околу 5.000. Парите собрани за време на еднодневниот прием се доделува на центрите  Maggie. Оваа фондација за борба против рак, на која Џенкс е коосновач, го добила името по неговата покојна сопруга.

8

12

10

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Screenshot_1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top