Насловна / Архитектура / Утре доделување на Големата годишна награда на ААМ

Утре доделување на Големата годишна награда на ААМ

Асоцијација на архитекти на Македонија – ААМ, Ве поканува на доделување на Голема годишна награда 2019 година (ГГН), за реализирано дело од областа на архитектурата, која традиционално се организира под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија.

Свеченоста ќе се одржи на 26.12.2019 г.(четврток) во Музеј на град Скопје со почеток во 19 часот.

Селектираните трудови од страна на петчлената комисија, кои беа во конкуренција за ГГН, ќе бидат изложени на доделувањето на наградата.

imageedit_1_4734756365

Објекти кои беа во конкуренција за наградата:

1. Проект за семејна куќа во населба Карпош, Скопје, автор: Славе Ѓорѓевски, д.и.а

2. Point retail park, мултифункционален деловен простор, Општина Бутел, Скопје. Проектантска организација: ЖИ-ГО ИНЖИНЕРИНГ, ДООЕЛ Скопје, автори: Живко Петровски д.и.а и Филип Петровски д.и.а

3. Станбено-деловен објект, ул. Васил Ѓоргов бр.19, Скопје, автор: Александар Наумовски д.и.а

4. Изложбено продажен салон за автомобили – VOLVO, Општина Гази Баба, Скопје; Проектантска организација: т.д. МИЛЕНИУМ ДООЕЛ, Скопје, автор: Марина Мичиќ д.и.а
соработници: Зоран Дејоски д.и.а, Никола Транталовски д.и.а и Александар Камшиговски д.и.а

5.Семејна куќа, ул. Дрезденска бр.42, Скопје. Проектантска организација: Ателје Ајвар,
автори: Миодраг Радоњиќ д.и.а, Ана Радоњиќ д.и.а, Ранчо Христов д.и.а и Дамјан Христов д.и.а

6. Семејна станбена куќа – Рафајловски, ул. Каирска бр.29, Скопје. Проектантска организација: Радиус Архитекти, автори: Мартин Пановски д.и.а, Душица Диновска д.и.а, Јана Гугуловска д.и.а и Александар Наумчевски д.и.а

7. Основно училиште „Киро Глигоров“, Капиштец, Скопје. Проектантска организација: Бесиан Мехмети Архитектс ДООЕЛ, Скопје, автори: Бесиан Мехмети д.и.а, Стефан Атанасоски д.и.а, Никола Кунгуловски д.и.а и Арменд Хебипи д.и.а

Агенда на настанот:
- отворање на свеченоста, Претседател на ОУ на ААМ, арх. Мартин Пановски,
- извештај на Претседателот на комисијата проф. Мишко Ралев,
- обраќање на Претседателот на РСМ г-дин Стево Пендаровски, со прогласување и доделување на наградата,
- обраќање на наградениот автор,
- коктел

aam

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top