Насловна / Вести / Градежништвото има потенцијал да биде движечка сила на економијата во следниот период

Градежништвото има потенцијал да биде движечка сила на економијата во следниот период

Нов состав на Управниот одбор и амбициозна работна агенда на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија 

DSC03400_resize

Компаниите – членки на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија, на седницата одржана на крајот на септември, мандатот за претседател на Здружението повторно и едногласно го доделија на Андреа Серафимовски од „ГД Гранит“, а избраа и 4 потпретседатели на Здружението: Даниел Цеков, „Адинг“, Михо Јаневски, Градежен институт „Македонија“ (ГИМ) и Ѓуро Чубриновски, „Масон Инженеринг“.

DSC03401_resize

„Градежништвото има капацитет да го даде импулсот за справување со последиците од здравствено-економската криза и да биде движечка сила на домашната економија. Поради тоа, планирањето и реализацијата на инвестициите во овој сектор заслужуваат посебно внимание. Анализирана долгорочно кризата може да отвори нови можности и простор за решавање на горливите прашања за градежништвото од изминатиот период, за што е потребно државата во консултација со реалниот градежен сектор да создаде соодветни услови кои ќе овозможат раст и развој на оваа значајна стопанска гранка“ истакна Андреа Серафимовски заблагодарувајќи им се на присутните за укажаната доверба, воедно посочувајќи дека реизборот значи признание за досегашната работа, но и мотив да продолжи посветено да работи на реализацијата на заедничките приоритети и цели на Здружението. 

На седницата беше избран и нов Управен одбор кој претставува спој на знаење и долгогодишно искуство во сите сегменти на градежништвото и оперативно тело кое ќе се залага за реализирање на приоритетите  и целите на градежниот сектор во следниот период.

Последиците предизвикани од пандемијата на КОВИД – 19 и тековното работење на градежните компании беа дискутирани од релевантните претставници на секторот, при што беше оценето дека глобалниот предизвик за справување со коронавирусот и прилагодување кон новите услови за живот и работа не го исклучува ниту градежништвото иако овој сектор немаше директна забрана за вршење на дејноста, како транспортот, угостителството и другите сектори кои беа најпогодени од кризата. Дополнителен проблем за градежништвото претставуваше и тоа што почетокот на пандемијата соодветствуваше со почетокот на градежната сезона и подобрувањето на временските услови, па и покрај поволната клима, ангажираните капацитети беа намалени заради доследно почитување на мерките и препораките за превенција од ширење на вирусот.

DSC03443_resize

Покрај тоа што во првото полугодие од 2020 година градежништвото забележа раст од 1,05 % споредено со првото полугодие од 2019 година, состојбите до крајот на годината се неизвесни, а очекувањата се дека економските последици од пандемијата врз деловните субјекти ќе се продлабочат. Затоа, Здружението краткорочно ќе се залага за одржување на стабилноста на градежништвото и справување со последиците од здравствено-економската криза како приоритетни цели. Долгорочно, зголемувањето на конкурентноста на градежните компании, унапредувањето на соработката помеѓу научноистражувачкиот и реалниот градежен сектор и афирмирањето на интересите на членките на домашен и меѓународен план и понатаму остануваат императив во работењето на Здружението.

Членови на Управниот одбор на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија

 

DSC03454_resize

Градежниците ги испорачаа своите барања до министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски 

Обезбедувањето на стабилен и поволен деловен амбиент преку креирање квалитетна правна рамка и елиминирање на нелојалната конкуренција, како и искористување на потенцијалот и враќање на улогата на домашните градежни компании како носители на реализацијата на големи градежни проекти се главните барања на градежните компании истакнати на работната средба која Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија, ја реализираше со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и негови соработници.

Градежниците на средбата со министерот дискутираа за состојбите во градежниот сектор, идните проекции за инвестициите во инфраструктурата, реализацијата на капиталните проекти, потребата и динамиката за носење на новите прописи од областа на градежништвото и останати прашања од интерес на компаниите членки кои се во делокругот на надлежностите на Министерството за транспорт и врски.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, изрази подготвеност во консултација со бизнис-заедницата, да се решаваат клучните проблеми кои го засегаат градежништвото. Осврнувајќи се на Законот за градење и измените во регулативата, министерот порача дека истите ќе бидат предмет на поширока дебата и компаниите ќе имаат можност да ги презентираат своите предлози и коментари со цел тие да бидат донесени по примерот на Законот за урбанистичко планирање кој на почетокот на годинава беше донесен по претходна консултација со бизнис-секторот и други засегнати страни. Во однос на реализацијата на капиталните проекти, тој посочи дека внимателно се работи на креирање решенија кои ќе овозможат отстранување на застојот во реализацијата на отпочнатите проекти и ефикасна и непречена реализација на проектите во иднина.

Претходното дозволува да веруваме дека експертизата во сите сегменти на градежништвото, искуството на терен и стручноста на кадарот концентирана во Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите ќе биде искористена при креирање на законските и подзаконските акти во следниот период со единствена цел – создавање предвидлива и извесна бизнис-клима и услови за развој на градежништвото.

2 Коментари

  1. Me ohrabruva vakvo sobiranje na felata na edno mesto. Redno vreme e gradeznicite da pokazat splotenost. Odlicna ekipa , bravo za firmite

  2. Idemeeeeeeeeee jeeeeeeeeeee

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top