Насловна / Вести / Град Скопје одлучи да се стави крај на узурпирањето на јавниот простор

Град Скопје одлучи да се стави крај на узурпирањето на јавниот простор

Советот на Град Скопје вчера ја одржа 21-ва седница на која се донесе одлука за утврдување потреба за поставување урбана опрема и за условите, начинот и постапката за издавање одобрение за поставување урбана опрема и одобрение за вршење дејност надвор од деловен простор на подрачјето на Град Скопје. Целта на оваа одлука е да се стави крај на узурпирањето на јавниот простор.
Од Град Скопје соопштуваат дека: „Со оваа одлука се врши координација и усогласување на повеќе одлуки од областа на критериумите и поставувањето на времените објекти и урбаната опрема, каде што новина е одвојувањето на постапките за добивање одобрение за поставување урбана опрема и постапките за добивање одобрение за поставување урбана опрема за вршење дејност надвор од деловен простор. Со овие новитети детално е разработена постапката за издавање на одобренијата посочувајќи ги чекорите, придружните документи, плаќањата и елаборатите“.
Исто така одлучено е од идната година да се плаќа надоместок на Град Скопје за застаклување на просторот за кој е издадено одобрение за поставување урбана опрема и одобрение за вршење дејност надвор од деловен простор. Овој надоместок ќе се наплатува во периодот од 1 ноември до 31 март во висина од 15 денари за квадратен метар без пресметан ДДВ.ленин

Испрати коментар

Scroll To Top