Насловна / Вести / Еколози дебатираат за интегрирано управување со водните ресурси во проширениот басен на Дрим

Еколози дебатираат за интегрирано управување со водните ресурси во проширениот басен на Дрим

Охрид два дена е домаќин на 6. годишна дримска конференција, на која учество зедоа околу 120 учесници – претставници на надлежните институции во Дримскиот басен од Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, како и претставници од меѓународните организации и донатори.

Конференцијата се организира во рамките на Дримската координирана акција (CORDA) за имплементација на меморандумот за разбирање за Дрим (MoU) и поддржувачкиот проект на ГЕФ/УНДП: „Овозможување прекугранична соработка и интегрирано управување со водните ресурси во проширениот басен на Дрим“.

Ана Петровска, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање ги поздравува напорите за одржување на ваков комплексен форум на кој ќе се дискутира за проблемите и решенијата за заштита на Дримскиот басен, а со тоа и на Охридското Езеро, особено што во последно време тоа е една од жешките еколошки точки.

Според неа, особено важни се наодите на дијагностичката анализа на Басенот направена со поддршка на ГЕФ, кои укажуваат дека контролата на протоците на водата во низводните држави во зависност од работата на хидроенергетските проекти, потоа транспорт на седиментите и пливачкиот отпад и поплавите се главните идентфикувани заеднички проблеми на засегнатите држави.

drimski basen

На конференцијата говореше и Анита Коџоман, раководител на одделението за енергетика, животна средина и управување со ризици од катастрофи во УНДП, која образложи во која фаза е проектот со наговестување дека во иднина следува утврдување акциски план и спроведување преговори меѓу државите и новиот регионален советник во Економска комисија на Обединетите нации за Европа, Сарангу Раднарагча, која истакна дека УНЕЦЕ-конвенцијата е меѓу првите со фокус на водата – енергетиката, храната и екосистемите.

На конференцијата, покрај нацртот на прекуграничната дијагностичка анализа на Басенот, се претставени и извештаите за работата на ГЕФ-дримскиот проект, посебните изготвени извештаи за хидрологијата и за загадувањето на Басенот, а главна тема на која панелистите дискутираа беше поврзаноста помеѓу водата-храната-енергијата и екосистемот во Дримскиот басен и интерсекторската координација.

Испрати коментар

Scroll To Top