Насловна / Вести / Ги шпионираат туристите со 468 камери – апликација за надзор во Венеција

Ги шпионираат туристите со 468 камери – апликација за надзор во Венеција

Градските власти во Венеција одлучија да воведат камери за надзор и мобилни апликации, со цел да го следат бројот на туристи кои пристигнуваат во овој популарен туристички град.

2_resize

Системот од 468 камери и сензори ќе може да ги разликува туристите од жителите на Венеција. Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бругнаро, истакна дека очекува многу луѓе да протестираат, но неговата обврска е градот да биде безбеден, соодветен за животот на жителите на градот, како и на посетителите.

2_resize

„Ќе биде забрането да се шета низ град во костим за капење, ќе се казнува скокањето од градските мостови, пијанството ќе биде казнувано и градот и неговите жители мора да се почитуваат на секое место“, рече градоначалникот на Венеција, Луиџи Бругнаро.

4_resize

Неодамна во Венеција, Градската управа ангажираше вооружени стражари кои патролираат во клучните точки на градот, станици за траекти и бродови, појдовни станици за гондоли.

1_resize

Преку апликации ќе се следат резервациите, а се тестираат и начините на кои градот би можел да се затвори доколку настане гужва.

Исто така, се планира да се следи брзината на гондолите. Градските власти им забранија на крузерите да влегуваат во каналите на градот.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top