Насловна / Вести / „Гаспром“ донесе одлука гасоводот „Турски тек“ да ја продолжи својата траса

„Гаспром“ донесе одлука гасоводот „Турски тек“ да ја продолжи својата траса

Рускиот гигант „Гаспром“ донесе одлука гасоводот „Турски тек“ да ја продолжи својата траса низ Бугарија, Србија, Унгарија и Словачка.
Во тие земји почнаа сите припремни процедури, пишува рускиот лист „Комерсант“
Како што се наведува првите испораки на гас во Бугарија и Србија ќе почнат 2020 година, до Унгарија рускиот гас ќе стигне само година дена подоцна, што ќе и овозможи на руската компанија до 2022 година во потполност да го сопре транзитот на гас преку Украина.

2
„Комерсант“ укажува дека е ова всушност „Јужен тек“ кој Европската унија го замрзна во 2014. под притисок на Америка.
Вредноста на проектот за ширење на системот на овој гасовод се проценува на 1,63 милијарди долари.
„Тешко дека сега има причина да се оспори овој проект бидејќи пристапот на „Гаспром“ во потполност ги почитува законите на Европската унија„, оценува „Комерсант“, но додава дека„мали се можностите дека тоа ќе го заштити проектот од политички удари“.
6

Можни траси на „Турски тек“

Иако Грција исто така е во план да се приклучи на гасоводот, како што оценува „Комерсант“, сеуште не е најјасно како тоа ќе изгледа.
Се претпоставува дека Грција ќе се спои на тој крак преку Бугарија, преку обиколница или пак ќе го замени азарбејџанскиот гас на руски, откако ќе биде завршена изградбата на гасоводот „ТАП“, што е планирано за 2020. година.
Како што пишува „Комерсант“, бугарската компанија „Булгартрангаз“ во декември ќе спроведе тендер за изградба на гасоводот од делот каде тој влегува во земјата од Турција до делот каде излегува во Србија. Влезниот капацитет предвиден за закупнина од 1 јануари 2020. на 20 години, изнесува 15.8 милијарди кубни метри годишно (што потполно одговара на капацитетот на една линија на „Турски тек“), производството е 4 милијарди кубни метри, а од 1 јануари 2021, капацитетот треба да се зголеми на 11 милијарди кубни метри.

3

Компресорска станица во близина на границата со Србија

За снабдување на тие количини од Турција преку Бугарија ќе се користи делот на постоечката инфраструктура во резервна форма. Во близина на компресорската станица „Провадија“ ќе се изгради „Нова Провадија“ станица од која ќе биде изграден нов гасовод со должина 474 километри и притисок 7,5 Mpa, кој ќе го поддржи уште една компресорска станица „Расово“ во близина на границата со Србија.
Оваа рута во потполност ја копира патеката на бугарскиот дел на нереализираниот „Јужен тек“.
Кон крајот на октомври унгарските, словачките и австриските оператори веќе спроведоа тендери за закуп на новите капацитети на 7 години, почнувајќи од октомври 2022. На влез од Унгарија во Словачка резервирани се 4.3 милијарди кубни метри што треба да го овозможи проток на гасо помеѓу земјите на 5 милијарди кубни метри годишно.

1

Полн капацитет во 2022. година

„Комерсант“, наведува дека е резервиран и влезниот капацитет од Австрија во Словачка во износ од 3.8 милијарди кубни метри годишно.
Кракот кој ќе доставува гас до Балканот парцијално ќе се користи во 2020 година, а полн капацитет ќе достигне во 2022. година.
За да стигне гасот до Европа преку опишаната рута постои и опција на транспорт од Грција до југот на Италија. Македонија ја нема во гасоводот во ниту една опција.

Испрати коментар

Scroll To Top