Насловна / Арт и дизајн / Модната куќа „Гучи“ отвори книжарница во Њујорк

Модната куќа „Гучи“ отвори книжарница во Њујорк

Откако било најавено дека италијанската модна компанија „Гучи“ ќе издаде книга со наслов WORLD (The Price of Love) во лимитирано издание, во која се наоѓаат фотографии од нивната круцијална колекција од оваа година, снимени од британскиот фотограф Мартин Пар во Кан, овој луксузен бренд има уште една новина за пофалба.гучи њујорк (1) гучи њујорк (2) Имено, пред неколку дена во Њујорк, како дел од нивниот бутик Wooster во СоХо, тие отвориле книжарница во соработка со издавачката куќа „Дашвуд Букс“, основана од Дејвид Стрател, кој им помогнал да изберат повеќе од 2000 наслови и публикации кои моментално се наоѓаат во просторот. гучи њујорк (3)

Се работи за исклучителна колекција која вклучува книги од доменот на модата, културата, дизајнот и ентериерот, како и некои уникатни и многу ретки книжевни наслови и списанија. За да биде услугата потполна, во книжарницата се вработени библиотекари кои ќе им помогнат на купувачите во истражувањето и купувањето на разни наслови.гучи њујорк (4)

Испрати коментар

Scroll To Top