Насловна / Вести / Флуидни форми и динамични скулптури во клуб во Кина

Флуидни форми и динамични скулптури во клуб во Кина

Бирото GBD Design создало флуидни форми и динамични скулптури за ентериер на клуб во Shijiazhuang во провинцијата Hebei, Кина.

1_resize

Наречен „Brilliant Prospect“, проектот дизајниран за инвеститорот „China Overseas Land and Investment “, ги носи луѓето во топол и посебен простор, додека тој им овозможува засолниште и спомени.

2_resize

Именувајќи го проектот на кинески по „Nanjing Brocade “ – традиционален артикл, ткаенина, позната по своите бои слични на облак и сложените форми, China Overseas Land & Investment му оддава почит на наследството на еден град, местото каде што се најдобрите ткаенини во земјата, произведени од „Fifth Cotton Mill”.

Просторот изгледа како во стаклена кутија да е создаден носач за да генерира флуидни форми и динамични скулптури кои личат на синусните форми на Nanjing Brocade или обемни песочни дини кои го трансформираат времето во органски музички обрасци.

7_resize 16_resize

Дизајнерите земаат елементи од природата и меморијата и ги виткаат во нишки, кои ткаат архитектонска брокат, користејќи флексибилни кривини за да создададат уметничка напнатост на околното опкружување, комбинирајќи ги спомените со физичкиот простор.

„Спомените се материјализираат пред нашите очи како да се исплетени со фини свилени навои. Безброј летачки предива се кондензираат дење и ноќе во крилеста скулптура, нишка која брзо се движи помеѓу џиновските ленти во вселената“, се вели во описот на проектот.

12_resize 14_resize

Скулптура долга 52 метри и широка девет метри се издига кон небото и се протега низ целиот внатрешен простор.

Инспирацијата за ова парче доаѓа од кинескиот брокат, која се врти и танцува наоколу, испреплетен и расфрлан истовремено, истакнувајќи ја формата на бесконечна јамка, насочена кон иднината.

15_resize

17_resize

„Ние ги истакнуваме културните карактеристики на индустријата за памук во Кина, користејќи го просторот како носач што го поврзува минатото со иднината, преку динамичен моментум што ја оцртува убавината на цветниот живот со уникатни елементи од минатото и застрашувачки призори на иднината “, велат дизајнерите.

6_resize 5_resize 4_resize 11_resize 19_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top