Насловна / Архитектура / Флексибилно реновирање на куќа домаќинот го ослободило од стрес

Флексибилно реновирање на куќа домаќинот го ослободило од стрес

Овој проект опфаќа реновирање на селска куќа со трапезоиден план што припаѓа на група објекти кои претходно биле поврзани со земјоделска експлоатација на просторот.

ruralno

Иако ваквите проекти изгледаат исклучително напорни, факт е дека употребата на основни материјали од истата област во голема мера ја олеснува целата работа. Во конкретниот случај, почетна точка била реорганизацијата на обвивката како и подобрувањето на климата со проектираната изолација од плута. За да се постигне ова спроведена е продлабочена студија за насоката на сончевата светлина, природната вкрстена вентилација, но и можноста за користење на бунарска вода со филтер систем.

ruralno1

Оригиналната куќа била помала, а неколку нејзини површини биле користени за штали или кокошарници, така што немала никаква врска со другите простории или блиската градина. Северниот дел од куќата, во кој сега се наоѓа летната веранда, бил целосно затворен.

ruralno3

Ова се само дел од ставките кои се целосно подобрени со новиот план за куќа, барем кога станува збор за функционалноста. Со право може да се каже дека оваа куќа сега е еден флексибилен дом кој, иако има само две соби, може да прими дури дванаесет луѓе. Кога станува збор за внатрешен дизајн, оригиналните подови, греди и столарија се совршено комбинирани со едвај обработени материјали како теракота и бетонски под, природен камен и дрво.

ruralno2

Сите овие промени обезбедиле дека домаќините сега не само што подобро се поврзуваат со нивната природна средина, туку и го намалуваат нивото на стрес што е толку карактеристично за урбаниот живот.

ruralno4

ruralno5

Испрати коментар

Scroll To Top