Насловна / Вести / Филип Старк ја фатил елеганцијата и страста на шпанската душа во хотел во Мадрид

Филип Старк ја фатил елеганцијата и страста на шпанската душа во хотел во Мадрид

Во центарот на шпанската престолнина, на познатата авенија Gran Via, отворен е хотелот Brach Madrid – ново дело на познатиот француски дизајнер. Преку спој на поезија, носталгија и уметничко колекционерство, тој создава место кое изгледа како дом на уметник од дваесетите години на минатиот век.

Филип Старк отсекогаш умеел да изненади. Неговите ентериери не оставаат никого рамнодушен, бидејќи секогаш се повеќе од простор – тие се приказна, сценографија, карактер.

Така е и со новиот хотел Brach Madrid, кој се наоѓа во реставрирана зграда од 1920-тите, на една од најживите улици на шпанската престолнина.

Во овој проект, Старк го замислил хотелот како место кое не само што нуди преноќиштее, туку и повикува на сонување.

„Влегувањето во Brach Madrid е како влегување во нечиј дом“, вели Старк. Наместо класична сценографија, просторот е исполнет со лични предмети – книги, вазни, фотографии, уметнички дела.

Идејата на Старк била да создаде атмосфера на модерен, но носталгичен простор – поетски и топол, но непретенциозен.

Тој црпел инспирација од духовите на уметниците и поетите од шпанската Генерација ’27, замислувајќи дека токму тие денес седат во хотелскиот ресторан и „повторно го пишуваат светот“.

Влезното лоби е препознатливо по своите висечки ламби и глазирани теракотни плочки. Истата таа теракота се појавува и во другите простории – во својата сирова форма во рецепцијата, а во златна, рефлектирачка верзија во подземниот спа центар.

Ресторанот и кафето на приземјето се опремени со махагони, кожа, ламби со двојни абажури и тешки завеси.

Огледала поставени под агол – „за да можете да видите и да бидете видени“, објаснува Старк, дополнително ја подобруваат визуелната динамика.

Еден од највпечатливите детали е муралот над отворената кујна што прикажува танц на пламени, насликан од ќерката на Старк, уметницата Ара Старк.

Секој детаљ во хотелот е внимателно одбран – во тек на три години, Старк и неговиот тим барале парчиња на аукции низ целиот свет. Станува збор за дела воглавном од анонимни уметници, бирани поради нивниот дух, а не потпис.

„За секој мој проект, ја преземам улогата на филмски режисер“, вели Старк. „Го замислувам просторот како сцена со своја приказна, мелодија и ликови.“

Во собите и апартманите, нарацијата е особено изразена – преку предмети како што се музички инструменти и боксерски ракавици, раскажана е имагинарната љубовна приказна на еден брачен пар.

Brach Madrid е повеќе од луксузен хотел – тоа е почит кон поезијата, уметноста и животот. Оригиналната челична конструкција на скалите е зачувана, а гостите од апартманите можат да ја набљудуваат Gran Via и небото над Мадрид од своите балкони.

„Сакав да ја фатам елеганцијата и страста на шпанската душа“, заклучува Старк.

Испрати коментар

Scroll To Top