Насловна / Арт и дизајн / Фигурите од песок на шпанскиот уметник Bastarrikа го залудеа светот

Фигурите од песок на шпанскиот уметник Bastarrikа го залудеа светот

Работата на Andoni Bastarrikа, мултимедијален уметник од Баскија, Шпанија, овие денови стана вистинска интернет сензација. Bastarrika повеќе од 10 години се занимава со изработка на скулптури од песок. Но откако неодамна на Reddit е објавена фотограгија од неговото дело, бик кој лежи во природна големина, стана вистински хит.

1_resize

Почна откривање на неговите други дела, неверојатно реалистични прикази на животни.

Се почнало 2010. година, кога на локална песочна плажа Bastarrika ја направил првата песочна скулптура, малата сирена.

„Работејќи на неа, го открив својот талент, флуидноста на моите раце“, изјавил  Bastarrika за порталот Bored Panda. „Се посветив на развивање на својот талент и со тоа се занимавам последново десетлетие“.

4_resize

Помалку филозофски изјавил, дека песокот го фасцинира, без оглед на тоа како се гледа на него, „секогаш можете од него нешто да научите, ако имате волја да научите“.

„За да создадете скулптура се спојуваат неверојатен број зрна песок, се гушкаат едни со други со помош на влага, така да некој може да го обликува тоа нивно заедништво. А кога уметникот ќе го заврши делото, го препушта на милост и немилост на природата. Порано или подоцна ветерот ќе ги исуши и растури“, напишал на Facebook, објаснувајќи ја својата фасцинација од песокот.

11_resize

Со тек на годините создал десетици дела, од кучиња, коњи, слонови, бикови и октоподи до ајкули, делфини и носорг и ги забележал со фотографии и камера.

„Има многу причини зошто сакам да правам скулптури на животни. Главен е фактот дека животните се со слободен дух. Луѓето би требало да учат од нив“, го објаснил изборот на своите модели.

Самиот процес на изработка на скулптури е долг и осетлив.

6_resize

Bastarrika почнува со големо купче песок, работејќи со раце уметникот бара форма и движење кои ќе го оживеат песокот. Кога ќе открие што се крие во песокот, почнува со фина работа – со наострени стапчиња, чачкалици, четкици и перца ја формира саканата форма, лик и детали. Покрај овој основен алат, понекогаш за финиширање на скулптурите користи материјали како пепел, мелен јаглен, мелена глина и камења во разни бои. Користи и помали предмети за да бидат скулптурите пореалистични, како рогови и копита на сега веќе глобално познатиот бик.

13_resize

Покрај тоа што изработува скулптури, овој уметник одржува и работилници на кои заинтересираните ги учи на тајните на обликување песок.

3_resize 5_resize 10_resize 12_resize 9_resize

7_resize

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top