Агенцијата за патувања BookRetreats развила т.н „индекс на среќата на одмор“, а на првата позиција според овој индекс се нашол Лисабон. Истражувањето кое е спроведено, извршило рангирање на 47 популарни дестинации ширум светот врз основа на пет клучни критериуми: сончеви часови, квалитет на сонот, здрава исхрана, пристап до природата и можност за вежбање.

Лисабон се истакнува по неколку фактори кои придонесуваат за чувство на благосостојба, а храната е наведена како посебна предност. Гастрономската понуда на португалската престолнина, богата со одлични ресторани, го става Лисабон на второ место по критериумот здрава исхрана. Исто така, градот е опишан како „компактен и лесен за одење“, а стрмните улици, иако можеби се предизвик, помагаат да се остане во форма. Покрај тоа Лисабон нуди изобилство од зелени површини и импресивни 2.828 сончеви часови годишно.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија