Насловна / Вести / “Енергетика Љубљана“ ќе гради нова термоцентрала на природен гас

“Енергетика Љубљана“ ќе гради нова термоцентрала на природен гас

Словенечкиот производител и снабдувач на електрична, топлинска енергија и технолошка пареа, „Енергетика Љубљана“ (TE – TOL), стартува со изградба на нов гасно-парен блок. „Енергетика Љубљана“ потпиша договор вреден 118 милиони евра за набавка и вградување на два гасни турбоагрегати со соодветни парни единици и помошна технолошка опрема, со добавувачот Mytilineos HOLDINGS од Грција. Изградбата ќе трае 30 месеци. По изградбата на овој блок TE – TOL користи 20% јаглен, 10% дрвна биомаса, и 70% природен гас.

TOPLARNA ARHITEKTURA NARAVA DREVESA BLOK STAVBA HISA STANOVANJSKI OBJEKTI

TETOL2

До 2022 година, новата единица ќе замени два постоечки блока на јаглен. Претходно, во 2008 година еден од блоковите на јаглен бил реконструиран за да може да користи и јаглен и дрвна биомаса. TE – TOL е најголем корисник на дрвна биомаса во енергетски цели во Словенија. Според податоците на компанијата, годишно овој капацитет користи над 100.000 тони,  што е 16%  топлинска и електрична енергија од обновливи извори.

Изградбата на плинско -парната единица е во согласност со целите на енергетската ефикасност утврдени со Акцискиот план за енергетска ефикасност за периодот 2014. – 2020.

TETOL3

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top