Насловна / Арт и дизајн / Едноставен и мултифункционален дизајн на белградското студио „Автори“

Едноставен и мултифункционален дизајн на белградското студио „Автори“

белградско студио Автори (6)

Зад белградското студио „Автори“ стојат младите архитекти и дизајнери Дијана Новаковиќ, Маја Трбовиќ, Александар Никитин и Душан Ненадовиќ, кои ги здружиле своите сили по заедничкото студирање на Архитектонскиот факултет во Белград во 2008 година. Денес, тие се репрезенти на едно од најпродуктивните студија во Белград, коешто се занимава со дизајнирање.

белградско студио Автори (5)

Меѓу многуте ентериери во Белград, тие се потписници и на продукт дизајн. Специјално дизајниран мебел „Модули“ осмислиле за потребите на галеријата „Блатобран“.

Основниот модул на ова парче мебел е коцка со димензии 45 x 45 x 45 цм. Таа може да се комбинира во различни формации и има можност за креирање на најразновидни изложбени амбиенти.белградско студио Автори (4)

Елементите се изработуваат во сите бои и обработки и создаваат шармантна и лежерна атмосфера во секоја просторија. Нивната едноставност и способност да се комбинираат и преместуваат, ги прави да бидат вистински репрезент на квалитетен мултифункционален мебел.белградско студио Автори (3) белградско студио Автори (2) белградско студио Автори

Испрати коментар

Scroll To Top