Насловна / Вести / Тетово најзагаден град во светот, Скопје трет во Европа

Тетово најзагаден град во светот, Скопје трет во Европа

bilbord-tetovoТетово се надминува себеси. Додека пред една година го доби епитетот „Најзагаден град во Европа“, оваа година оди чекор понапред.

Според индексот на загаденост на воздухот, денес Тетово е најзагадениот град во светот. Тетово убедливо води пред останатите градови од светот, додека пак останатите европски градови се далеку зад Тетово.

На европската листа на најзагадени градови, повторно Тетово е лидер со 101,55 индексни поени на загаденост на воздухот, додека на второто место е украинската метропола Киев со дури 20 индексни поени помалку, или 81,37. На третото место се наоѓа повторно македонски град, тоа е македонскиот главен град Скопје со 80,54 индексни поени. На истата оваа листа, како за споредба, на 58-то место се наоѓа швајцарскиот град Цирих со 12,64 индексни поени а место подоле е шведски Стокхолм со само 10,80 индексни поени.

Каков воздух дишеме денес и како тој влијае на нашето здравје, како и колку долго ќе трае оваа загаденост, можеме да наѓаме, но сепак оваа состојба е алармантна додека никој од надлежните не превзема никакви мерки за заштита ниту пак за превенција од вакви состојби.

zagadenost-vo-tetovo

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top