Насловна / Вести / Во Норвешка пронајден викиншки меч стар 1.200 години

Во Норвешка пронајден викиншки меч стар 1.200 години

vikinskiмеч

Додека шетал по пешачка патека на планината Хаукел, Норвежанинот Џастин Олсен открил вредна реликвија од времето на Викинзите – меч од ковано железо стар 1.200 години.

Станува збор за меч долг 77 сантиметри, кој датира од крајот на осмиот век.

– Иако кордиран, мечот е во одлична состојба и би можел повторно да послужи кога би се наострил, изјави за американската телевизија Си-Ен-Ен локалниот конзерватор Пер Мортен Екерховд.викиншкимеч

Тој објасни дека мечот е добро зачуван благодрарејќи на тоа што планината Хаукел е прекриена со снег и мраз најмалку шест месеци во годината и затоа што во текот на летото нема многу влажност.

– Вистинска вредност е да се пронајде така добро зачувани остатоци од викиншкиот период, рече Екерховд, додавајќи дека на пролет на местото каде е пронајден мечот ќе се организира археолошко ископување, додека самиот меч ќе биде предаден на универзитетскиот музеј во Берген.

– Мечот датира од почетокот на викиншката ера, од крајот на осмиот век, наведе арехологот Џастин Аксдал.

– Во тоа време, мечевите биле многу ценети, затоа што тоа било оружје само на важните членови на заедницата, додека поголем број останати Викинзи морале да се задоволат со нож или секира, додаде тој.

Експертите веруваат дека мечот е оставен на место на гроб или дека му припаѓал на некој патник кој бил убиен или подлегнал на суровата планинска клима.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top