Насловна / Арт и дизајн / Единствена светилка која се прилагодува со допир (видео)

Единствена светилка која се прилагодува со допир (видео)

Дизајнерското студио kaschkasch познато им е на љубителите на интересни концепти на расвета.

1_resize

Креирале нова светилка која морате да ја допрете за да ја прилагодите. Со оглед на тоа дека живееме во ера во која се околу нас е дигитално, лесно е да се заборави колкава е важноста на човечкиот допир.

2_resize

Дизајнирана за брендот Marset, bolita светилката има за цел враќање на чувството на допирот преку корисничка интеракција. Кога глобусот на светилката ќе се мрдне со рака, нејзината светлина се појачува или намалува.

 

Bolita светилката се состои од кружна база во која се наоѓа LED сијалица на централната оска, со стаклена сфера која имитира еклипса, додека се поместува преку површината на светлината. Наместо типичниот електричен процес на смалување на интензитетот на светлината, bolita ги прескокнува механичките елементи и од вас бара интеракција и топлина на допирот.

3_resize

4_resize

5_resize

Испрати коментар

Scroll To Top