Насловна / Арт и дизајн / „Ѕongball “ – мало топче што содржи само една песна (видео)

„Ѕongball “ – мало топче што содржи само една песна (видео)

Италијанскиот дизајнер Pierpaolo Lazzarini сака да ја врати магијата на физичкото споделување музика. Со нашата модерна култура на онлајн плејлисти и сервиси за стриминг, деновите на подарување на винил плочи, ЦД или касети на пријател или саканата личност се исчезнати. Имајќи го ова во предвид, Lazzarini има за цел да создаде физичкиот допир на музиката со помош на „songball “ – мало топче, прилагодлив предмет што содржи само една посебна песна, пишува designboom .

Screenshot_2
Музичкото топче, кое Lazzarini го опишува како „музички скапоцен камен“ му овозможува на корисникот да ја избере песната што сака да ја подари. Со дијаметар од 3 сантиметри, „songball “ може да се направи од пластика, дрво или скапоцени метали. Секоја песна ќе биде изгравирана околу кружниот прстен, со годината, името на изведувачот или групата и насловот на избраната песна.

Screenshot_1
Бидејќи секоја песна претставува уникатна приказна, можностите за прилагодување се безбројни, дури може да се додаде и порака или потпис. За да се заврши подарокот, во пакувањето е вклучена и книга со стихови на избраната песна.

Screenshot_3

Покрај тоа што нуди персонализиран поклон, дизајнерот развива и низа нови уреди и игри за да ги истражи многуте потенцијални функции на „songball “.

Испрати коментар

Scroll To Top