Насловна / Архитектура / Дрвните конструкции стануваат мејнстрим

Дрвните конструкции стануваат мејнстрим

По националниот повик за архитектонско решение, Адидас го избра тимот на LEVER Architecture, Studio O+A и GGN за да го реализира големото проширување на нивното седиште во Портланд, Орегон, Северна Америка. (Adidas North American Headquarters, Portland, OR).

Ptichja

Една од главниите насоки за проектантскиот тим било задоволување на LEED Gold (Leadership in Energy and Environmental Design) стандард, насока која треба да се инкорпорира во архитектонското решение на проектот. Поставувањето на двете згради околу новиот централен спортски плоштад го трансформира постојниот плоштад во покохезивен пејзаж на кампусот, ја зајакнува внатрешната поврзаност помеѓу постоечките згради и ги менува пејзажните врски со соседното станбено соседство.

Fasada 2

Проектот е инспириран од динамиката на малите стадионски средини каде што гледачите и играчите се впуштаат во активен дијалог. Архитектурата на двете згради ги поврзува креативната работа, заедницата и спортот. Објектот е еден еден од најинспиративните концепти за корпоративни канцеларии во последно време. Добитник е на американската награда на жирито 2022 Wood Design Awards.

Fasada 1

Содржината на деловната зграда од 17.000 квадратни метри распоредени на пет нивоа, вклучува менза, кафе-бар, производни и креативни лаборатории, зона за состаноци и четири нивоа на отворен работен простор. Атлетскиот центар пак со 2.900 квадратни метри е наменет да служи како дестинација на кампусот за атлетски тренинзи и организирање на социјални настани. Двата објекта се поставени еден спрема друг и се издигаат над фудбалското игралиште, од каде можат да се гледаат натпреварите. На приземје, објектите се отвораат директно на теренот, интегрирајќи различни јавни простори од седење во кафулиња до места за обука на отворено.

Enterier 4

Enterier 1

Целокупната палета на материјали за двете згради е сурова и автентична: натур бетон, дрво и метални панели кои се исткаени низ фасадата. Создавајќи променлива игра на светлина и сенка во зависност од времето од денот, прилагодените метални панели на фасадата на канцелариската зграда имитираат како Адидас користи материјали на специфични начини за да создаде динамичен изглед со дизајните на нивните производи.

Konstrukcija 2

Искористувајќи ја стручноста на фирмата со иновации од дрва, дизајнот за канцелариската зграда користи уникатен хибриден конструктивен систем направен од однапред излеани бетонски столбови, греди од лепени ламелирани носачи и панели со вкрстено ламинирано дрво (CLT). Конструкцијата е по проект на инженерите од компанијата KPFF Consulting Engineers.

Konstrukcija 1

Целосно масивниот дрвен дизајн на Athletic Center вклучува столбови и греди со CLT- панели. Сместено над постоечка гаража за паркирање, инженерите ја користат леснотијата на дрвото за да создаде поголема конструкција. Топлиот карактер на дрвото, техничките иновации и поврзаноста со регионалната шумарска култура го прават идеален материјал за врвен бренд. Двете згради се потпираа на префабрикување за да го исполнат строгиот рок на Адидас од 24 месеци. Изградбата се одвивала за време на влажна зима во Портланд, а облогите одиграле клучна улога во заштитата на дрвото.

Enterier 5

Механичкиот систем во северната зграда вклучува четири единици за управување со воздух кои обезбедуваат климатизиран воздух до климатизерите преку два чилери и кула за ладење. Над 200 контролери MACH-ProAir ги контролираат клима-единиците за адекватно греење и ладење на внатрешноста. Компанијата Sunbelt Controls инсталира сензори за CO и NO2 за да ги надгледува четирите нивоа на подземно паркирање и да ги активира издувните вентилатори кои го проветруваат просторот кога е потребно.

Enterier 2

Целиот кампус сè уште не го добил својот конечен изглед. Главниот план предвидува и неколку сообраќајни решенија кои треба да го олеснат пристигнувањето на возила, како и сообраќајот во самиот кампус. Опсегот на проектот исто така предвидува и уште една нова гаража од 23.000 квадратни метри и подобрување на пејзажот со што ќе се создадат нови надворешни содржини за интеракција и дружење.

Enterier 3

 

867

Испрати коментар

Scroll To Top