Насловна / Вести / Дождовницата како извор на енергија

Дождовницата како извор на енергија

Научници од Сингапур, развиле уред кој користи капки вода, налик на капките на дождовницата, за производство на електрична енергија. Велат дека овој метод во иднина би можел да послужи како модел за производство на електрична енергија од дождовницата.

Станува збор за истражувачи од Националниот универзитет во Сингапур, а резултатите од истражувањето се објавени во часописот ACS Central Science. Имено, кога водата се движи преку површина која е електричен проводник, може да генерира сопствен електричен полнеж преку процес кој се нарекува раздвојување на наелектризираноста. До него доаѓа бидејќи протоните од молекулите на водата остануваат во течноста, додека електроните се пренесуваат на површината. Токму овој механизам се користи во наведениот експеримент. Научниците притоа развиле едноставен уред кој ја користи гравитацијата за проток на водата низ вертикална цевка со височина од 32 cm, и внатрешен пречник од 2 mm. Водата излегува од сад преку хоризонтална игла од нерѓосувачки челик и паѓа кон тесната цевка под неа. Капките вода се судираат на врвот од цевката и заробуваат меурчиња воздух, создавајќи т.н. plug flow каде водата тече во одвоени сегменти со воздух помеѓу нив. Тука доаѓа до споменатото раздвојување на наелектризираноста. Водата потоа се собира во сад под цевчето, а жиците поставени на неа и во садот генерираат електрична енергија. Едно цевче во експериментот успеало да развие моќност од 440 микровати моќност. Со користење на четири цевчиња истовремено, научниците успеале да напојуваат 12 ЛЕД светилки во време од 20 секунди.

Иако споменатата моќност е минорна, научниците велат дека системот успеал да претвори повеќе од 10% од расположивата енергија на водата која паѓала низ цевчињата во електрична. Имајќи во предвид дека брзината на капките во експериментот била многу помала од онаа на дождот, истражувачите сметаат дека ситемот би можел да собере уште повеќе енергија од реален дожд. Науччниците истакнуваат дека овој систем е едноставен за инсталација во урбани подрачја, на пример на покриви на згради.

Испрати коментар

Scroll To Top