Насловна / Арт и дизајн / „Донирај уметност“ собра околу 70 уметнички дела за Атина

„Донирај уметност“ собра околу 70 уметнички дела за Атина

„Донирај уметност“ е иницијатива која на Фејсбук ја почна графичкиот дизајнер и активист Зоран Кардула во знак на солидарност со трагедијата предизвикана од пожарите во Атина. Во иницијативата се вклучија голем број уметници од Македонија. Собрана е колекција на уметнички дела како поддршка и солидарност за Атина.

1

Меѓу делата има графики, масла на платна, акварели, неколку скулптури, цртежи, фотографии. Македонските уметници донираа околу 70 свои уметнички дела, кои во знак на солидарност ќе бидат испратени во Атина. Градот Скопје официјално потврди дека ќе ги сноси сите трошоци околу испраќањето на уметничките дела во Атина.

11
„Задоволен сум од одѕивот и се радувам што толку многу уметници од срце донираа дело и ја покажаа солидарноста кон настраданите. Со Градот Скопје се договоривме пред да се испрати донацијата, да се направи изложба за да може да ја видат нашите граѓани. Со оглед на тоа дека е период на одмори, изложбата би била на крајот на август или почетокот на септември. Поради долгата процедура околу документацијата, но и за помине време додека се средат работите кај нив, донацијата ќе биде испратена на крајот на септември или почетокот на октомври“, изјави Зоран Кардула за попрталот „Сакам да кажам“.

3

4

13

14

17

16

7

5

6

2

8

10

12

15

Испрати коментар

Scroll To Top