Насловна / Арт и дизајн / Неоткриена снимка на Марина Абрамовиќ и Улај ќе биде дел од нова изложба во Лондон

Неоткриена снимка на Марина Абрамовиќ и Улај ќе биде дел од нова изложба во Лондон

Професионалниот и љубовниот однос меѓу Марина Абрамовиќ и Улај е уметничко дело само по себе. Во 1988 година ја завршиле својата 12-годишна врска, така што и двајцата оделе по Кинескиот ѕид, секој од своја страна, а во 2010 година кога Улај се појавил на перфомансот на Марина Абрамовиќ во МоМА во светот на уметноста почнале шпекулациите за нивна повторна соработка во некоја блиска иднина. abramovic-ulay

Галеријата Saltoun во Лондон открива дека ќе прикаже ретко виден филм на Улај со Абрамовиќ на изложбата посветена на специјални дела на Улај, кои јавноста сѐ уште немала можност да ги види. „Ние ќе покажеме некои од полароидите на Улај кои се снимени во седумдесеттите годинина минатиот век”, изјавил Saltoun за Art Newspaper, а ќе бил прикажан и релативно непознати филм од 1970 година покажува Марина и Ulay кои го возат своето комбе околу плоштадот меѓу Palais de Tokyo и Musée d’Art Moderne во Париз („Релација со движење“, 1977).абрамовиќ улај
Станува збор за нивна изведба, испраќајќи посебни пораки заради кои нивните лица нема да бидат прикажани. Додека Улај е најдобро познат по тоа што е поранешен љубовник на Абрамовиќ, тој сепак заслужува внимание поради влијанието што го оставил во светот на уметноста. Неговите рани полароидни дела, кои ќе бидат прикажани во Saltoun, се примери на неговото самозаштитно движење Auto-Polaroid, каде што медиумот на полароид фотографија и неговото тело ги користел како платно за истражување на човечки состојби.

Испрати коментар

Scroll To Top