Насловна / Архитектура / Добитниците на Brick Award 20 го импресионираа жирито со смели и креативни концепти

Добитниците на Brick Award 20 го импресионираа жирито со смели и креативни концепти

Brick Award им овозможува на архитектите од целиот свет да ги покажат своите најнови креативни проекти за иновативна архитектура од тули. Целта е да ги инспирира архитектите и луѓето, да сподели дизајн концепти и да истражи нови начини на градење. Во 2020 година комапнијата Винербергер по деветти пат ја доделува оваа меѓународна награда. Рекорден број од 644 проекти во 55 земји беа пријавени од 520 архитекти оваа година. Добитниците на Brick Award 20 го импресионираа жирито со смели и креативни архитектонски концепти за одржливи и напредни решенија. Церемонијата на доделување на наградите за прв пат се одржа онлајн на 23.09.2020 година.
Наградите се доделени во следните категории: Чувствувајќи се како дома (11 номинации), Живееме заедно (10 номинации), Работиме заедно (9 номинации), Споделување јавни простори (11 номинации) и Нестандардни решенија (9 номинации). Последната категорија е насочена кон иновативни концепти и начини на употреба на тули, нови градежни технологии или посебно изработени тули.

0_resize

Katowice, Poland

Наградите се вредни вкупно 29.500 евра во парична вредност за пет категории, вклучувајќи Grand Prize и Special Prize. По завршувањето на фазата на поднесување, независно жири ги селектира проектите на 50 номинации. Од оваа потесна листа, меѓународно жири ги избра победниците.

Жири

За Brick Award 20, жирито се состоеше од пет меѓународно реномирани архитекти: Helena Glantz, Urban Design (Шведска), Toni Gironès Saderra, Estudi d’Arquitectura Toni Gironès (Шпанија), Tina Gregoric, Dekleva Gregoric Architects (Словенија), Mette Kynne Frandsen, Henning Larsen Architects  A/S (Данска) и Jonathan Sergison, Sergison Bates Architects (Велика Британија).

ПОБЕДНИЦИ

Големата награда (Grand Prize)

1_resize

Големата награда (Grand Prize) е доделена на University of Silesia, Faculty of Radio and Television by BAAS arquitectura Шпанија, Grupa 5 architekci Полска и Małeccy biuro projektowe Полска. Проектот е исто така победник во категоријата „Споделување јавни простори“. Импресивна реализација на високо-концептуален предлог со можност за реупотреба и нагласена контекстуална чувствителност беше колективен напор на три европски архитектонски практики за истакнување на уникатната атмосфера на јавен простор.

1.1_resize

Location: Katowice, Poland

Architect:  BAAS Arquitectura, Barcelona/Spain with Grupa 5 architekci, Warsaw/Poland and Małeccy biuro projektowe, Katowice/Poland

Copyrights:  Adrià Goula

Категорија „Живееме заедно” (“Living together”)

2_resize

Победнички проект во категоријата „Живееме заедно” е Prototype Village House од страна на Rafi Segal, MIT Rwanda Workshop Team (US) заедно со Rwanda Housing Authority (Rwanda). Оваа одржлива куќа беше дизајнирана како прототип за достапно домување, чија модерна и ефикасна архитектура е скроена според локалните потреби во Руанда.

2.1_resize

Location: Kigali, Rwanda

Architect: Rafi Segal,MIT Rwanda Workshop Team/US, Rwanda Housing Authority/Rwanda

Copyrights: Rafi Segal, Monica Hutton, Andrew Brose

Категорија „Чувствувајќи се како дома“ (“Feeling at home”)

3_resize

Graciela Iturbide е мексиканска фотографка, позната по црно-бели фотографии на мексикански селанки. Таа на својот син Mauricio Rocha, кој управува со Taller de Arquitectura заедно со Gabriela Carrillo, му го нарачала проектот за своето студио кое требало да се изгради во непосредна близина на куќата. Нејзиниот единствен услов бил е да биде од тула.

3.1_resize

Location: Mexico City, Mexico

Architect: Taller Mauricio Rocha + Gabriela Carrillo, Mexico City/Mexico

Copyrights: Rafael Gamo

Во истата категорија, проектот Can Jaime i n´Isabelle од TEd´A arquitectes во Шпанија беше награден со Специјална награда (Special Prize). Куќа на изолирана локација со медитеранската клима. Употребата на тули е за изградба на место кое користејќи ги сопствените ресурси, со текот на времето ќе развие пријатна микроклима, оаза во која може да се живее во различни периоди од годината.

4_resize 4.1_resize

Location: Palma, Spain

Architect: TEd’A arquitectes, Palma/Spain

Copyrights: TEd’A arquitectes

Категорија „Работиме заедно“ (“Working together”)

5_resize

Во оваа категорија, жирито го избра City Archive Delft, Холандија од страна на Office Winhov  (Холандија) и Gottlieb Paludan Architects (Данска) како победници во категоријата. Жирито утврди дека проектот е концептуално јасен и прецизен. Преку отвореното приземје се прикажува историјата на градот.

5.1_resize

Location: Delft, The Netherlands

Architect: Office Winhov, Amsterdam/Netherlands & Gottlieb Paludan Architects, Copenhagen/Denmark

Copyrights: Stefan Müller

Категорија „Нестандардни решенија“ (“Building outside the box“)

6_resize

Библиотеката „ Maya Somaiya “ од Sameep Padora & Associates се наоѓа во Индија. Жирито го прогласи овој проект како победник во категоријата „Нестандардни решенија”. Проектот користеше тули на нестандарден начин, обликувајќи го покривот на Библиотеката како лебдечки пејзаж, игралиште за училиштето а истовремено вршејќи ја функцијата на библиотека. Со историска инспирација за користење на тули во различни делови на светот, дизајниран со софистициран компјутерски софтвер, овој проект се истакнува со напредна структура од тули.

6.1_resize

Location: Kopargaon, India

Architect: Sameep Padora & Associates, Maharashtra/India

Copyrights: Edmund Sumner

За дополнителни податоци:  www.brickaward.com Повеќе за наградите во наредниот број на Порта 3.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top