Насловна / Арт и дизајн / Doberman Chair инспирирана од истоимената раса на кучиња

Doberman Chair инспирирана од истоимената раса на кучиња

Doberman Chair поканува да седнете и да се опуштите. Столицата Doberman Chair има многу детали и употреба на високо квалитетни материјали: црната кожа и полното дрво гарантираат современ и безвременски дизајн.

3_resize

Исто така, дизајнерот Zha Lianghao, избрал махагони како материјал поради сличноста со бојата на кучето доберман. Инспирацијата за дизајнот потекнува токму од оваа раса.  Додека бочниот поглед на столот е дизајниран врз основа на златниот пресек. Столицата има спуштен наслон и долго седиште, обете пресвлечени со црна кожа.

0_resize

Дизајнерот Zha Lianghao за својот проект вели: „Најтешкиот дел од дизајнот беше да се претвори дизајнот во вистински производ. Столицата во просторот мора да биде доволно удобна за да одговара во удобно опкружување“.

Doberman Chair е добитник на Gold A’ Design Award 2021 in Furniture Design.

2_resize 4_resize 5_resize 6_resize 8_resize

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top