Насловна / Вести / ДО КОГА???

ДО КОГА???

Деценискиот сон на граѓаните на Скопје за пешачко централно подрачје никако да се оствари. Генерации на политичари и градоначалници ни ветуваа решенија кои потоа се губеа во реализацијата од политички, финансиски и далаверџиски причини.

Најново е сегашното ветување на актуелниот градоначалник Петре Шилегов, дека веќе од идната година скопјани и гостите на главниот град ќе уживаат во благодетите на пешачко-велосипедскиот рај во центарот на Скопје. Тоа што повеќето европски градови го имаат од поодамна ќе пристигне и кај нас. Но…

slika1

Најавата на г. Шилегов за поставување линија на БРЗ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ – „Traklesstram“ на водород, звучи убаво како решение за градски превоз низ центарот на градот.

За да успее ова решение, неопходни се дополнителни сообраќајни интервенции за останатиот колски сообраќај. Интенција во светски рамки, како што е намерата и на градоначаникот, е да се влијае на свеста на луѓето во центарот на градот да патуваат со градски превоз. Да се откажат од патничките автомобили. Таа намера е за поздравување и поддршка. Но, сепак какви сме, тие навики споро ќе ги менуваме, а сепак тесното грло на правецот исток – запад  низ централното подрачје на Скопје мора да се реши трајно.

Идејата со проширување на улицата „Даме Груев“, на границата од „Малиот ринг“ е крајно дискутабилна. Техички многу тешко решение за изведба, со многу последични негативни реперкусии по квалитетот и убавината на сегашното решение и екологијата пред сè.

Но, тоа решение нема да биде успешно без решение на брза сообраќајница на релација исток од Аеродром и Кисела Вода, до запад  Карпош и Ѓорче Петров. „Јужниот булевар“ е единствено реално решение. А до каде сме со тоа??

IMG_20191113_124741

Големиот трговски, бизнис и станбен центар „Diamont“ што го гради турската фирма „Лимак“ на трасата на „Јужен булевар“ забрзано напредува. За подземниот дел на булеварот штама. Проектот го работи „Чакар инженеринг“. Но, очигледно квалитетно решение сè уште нема… Од наши сознанија проблематични се влезните и излезните  крстосници од подземната траекторија, кај Тутунски комбинат и Нова Македонија.  Затворањето на сообраќајот низ центар без „Јужен булевар“, дефинитивно ќе го продолжи и онака присутниот, секојдневен колапс во централното подрачје.Дали и овој пат ќе имаме само козметичко решение и ќе ја повториме за нас познатата народна “сиромавиот двапати плаќа”. Дали поради немање на храбра визија и пари, ќе дозволиме Јужен булевар да остане само со половично решение и со продолжена сообраќајна агонија низ центарот на Скопје.

ДО КОГА !?

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top