Насловна / Вести / Властите во Копенхаген садат овошки чии плодови ќе бидат достапни за сите

Властите во Копенхаген садат овошки чии плодови ќе бидат достапни за сите

Граѓаните и посетителите на данската престолнина наскоро ќе бидат во можност да наберат овошје директно од стеблата во градските градини. Дрвјата ќе бидат посадени во парковите, на игралиштата и во дворовите на спортските објекти во Копенхаген. Целта е да им се овозможи на граѓаните и туристите здравје на дофат на рацете, и се работи за дел од нова градска иницијатива. Со оглед дека поголем дел од населението во главниот град не располага со сопствена градина, возрасните а особено децата досега немале прилика да го набљудуваат процесот на созревање на овошките. Покрај оваа едукативна компонента, сите ќе имаат достапност до свежи плодови, со што ќе се влијае врз здравјето но и врз целокупниот изглед на урбаната средина.

copenhagentree1

copenhagentree2

copenhagentree3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top