Насловна / Вести / До 2070 година на една петина од планетата ќе има жештина како во Сахара

До 2070 година на една петина од планетата ќе има жештина како во Сахара

Според новата студија на холандските научници, една петина од нашата планета до 2070 година би можела да се соочи со високи температури кои се карактеристични за Сахара, а околу три милијарди луѓе ќе мора да ги напуштат своите домови или да се обидат да преживеат во пеколни температури заради ваквите временски услови.

sahara
Доколку не успееме да ги намалиме емисиите на стакленички гасови и дозволуваме и натаму да има нивни пораст, преживувањето навистина би можело да стане невозможна мисија за голем дел од светското население. Оваа можност би направила региони од сите континенти да станат непогодни за живеење, а екстремните временски услови би го загрозиле производството на храна заради неможноста да се користи земјоделско земјиште – особено области околу Бразил, Северна Африка и Индија, додека умерените климатски услови постепено би се развивале во огромни области на Русија, Канада и Арктикот.
Овие предвидувања се засноваат на сценарио според кое човештвото не успева да го реши проблемот со климатската криза и продолжува да ги зголемува емисиите на стакленички гасови.
Научниците од Универзитетот во Холандија и Центарот за истражување во Вагенинген (WUR) користеле богатство на историски податоци за да ги дознаат сите услови во кои луѓето живееле пред шест илјади години. Тие заклучиле дека луѓето можат да се прилагодат на скоро сите нивоа на врнежи, но во најсушните региони на Земјата сè уште не можат да преживеат. Цивилизацијата се прилагодила и на сите видови на плодност на почвата, но топлината е и останува најголемиот ограничувачки фактор за населување.

Резултатите од студијата покажуваат дека луѓето секогаш „претпочитале“ и напредувале најдобро во тесен опсег на температурата, каде просечната годишна температура се движи од 11 до 15 Целзиусови степени. Тоа е област каде најдобро успеваат главните култури и добиток потребни за да се нахрани популацијата, а авторите ја дефинираат како „климатска ниша на човечкиот простор“. Ова не значи дека нема други ограничувачки фактори за напредокот на човештвото, но температурата е еден од нејзините клучни елементи.

sahara1
За жал, сето ова ќе ги загрози галопирачките климатски промени ако не успееме да ги намалиме. Веќе забележуваме дека се повеќе интензивни топлотни бранови одземаат сè повеќе човечки животи и влијаат на намалената продуктивност низ целиот свет, сепак луѓето сè уште се принудени да живеат во области со екстремно високи температури, од Феникс во САД до Дубаи и Њу Делхи. Климатската криза може да нè совлада со тек на време.
Студијата користи сценарио со одржување на високи емисии на стакленички гасови (RCP8.5), кое со себе носи ризик од пораст на температурата за повеќе од четири степени Целзиусови до 2100 година, за да ги откријат последиците за дефинираната климатска ниша. Резултатите не се воопшто охрабрувачки и покажуваат дека приближно една третина од светската популација, доколку не емигрира, тогаш ќе живее во области со просечна годишна температура повисока од 29 ° С.

Во моментов, околу дваесет милиони луѓе живеат во вакви услови, а тие покриваат помалку од еден процент (0,8%) од површината на Земјата и тоа претежно е област долж Сахара. Ваквите високи температури би станале вообичаени до 2070 година на скоро 20 проценти од земјиното копно, на кое живеат околу три милијарди луѓе и тие – повторно, ако не емигрираат – ќе бидат принудени да живеат во услови во кои човештвото во текот на своето постоење никогаш не успеало.
Резултатите од студијата се навистина шокантни: скоро целиот Бразил би можел да стане претежно ненаселен, како и огромни делови на Блискиот исток и Индија, потврдувајќи го фактот дека најсиромашните области ќе бидат најтешко погодени. Сепак, високите температури ќе влијаат и на развиените земји, особено на јужниот дел на Соединетите држави, на делови од Австралија и на европскиот дел на Медитеранот. Заклучокот е исто така дека Северна Америка и Европа ќе почувствуваат силен бран на миграција, а кога научниците минатата година откриле дека Сибир ќе стане пожелно место за живеење до крајот на векот, тие не се шегувале.

sahara2
Масовниот егзодус на населението на потенцијално ранливите делови на светот е нешто со кое светот ќе треба да се соочи доколку не успеат да ги намалат емисиите на стакленички гасови. Тие нема да се случат одеднаш и исклучиво во педесет години.
Резултатите од студијата укажуваат на потреба од итно дејствување и решавање на проблемот со емисиите, но и за навремено прилагодување кон климатските промени и потенцијалните кризи. И не на екофашистички начин, туку на хуман начин.

Испрати коментар

Scroll To Top