Насловна / Вести / Детска градинка со LEED Platinum сертификат

Детска градинка со LEED Platinum сертификат

Комплексот на детска градинка во бразилскиот град Флоријанополис, проект на архитектот Rachel Braga, е прва јавна зграда за ваква намена во светот која е лидер во енергетскиот и еколошкиот дизајн со добивањето на сертификат LEED Platinum.

gradinka

Градинката, која е на површина од 1.182 квадратни метри од самиот почеток е проектирана по LEED сертификати. Меѓутоа спроведените анализи на ефикасност и одржливост во текот на проектирањето покажале дека добивањето на платинестиот сертификат воопшто не е неостварлива цел. Имајќи го ова во предвид, проектниот тим има направено одредени промени за да се исполнат сите потребни услови за стекнување со новото важно признание.

gradinka1

Целата зграда, почнувајќи од бетонските темели до челичните конструкции, е изградена од материјали кои може да се рециклираат, а применетото дрво има FSC печат што значи дека е во програмата за одговорно управување со шумите. Крововите на градинката се покриени со фотоволтаични панели, геотермалната енергија се користи за греење и ладење на објектот, додека целата отпадна вода се собира, се обработува и повторно се користи како техничка.

Градинката ја посетуваат 265 деца, а целата образовна програма се заснова на прашања за заштита на животната средина и одржливоста.

Целата сума за изградбата на објектот била околу 1,1 милион евра што е за 12 отсто пониска цена во однос на планираниот буџет.

gradinka2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top