Насловна / Вести / Денес вонредна Критична маса во Скопје

Денес вонредна Критична маса во Скопје

Денес, во 17.30 часот, на плоштадот Македонија, иницијативата „НаТочак“ ќе организира вонредна Критична маса како изразување на протест за несоодветното поставување на контејнери на велопатеките и незаинтересираниот однос на градот Скопје за ова прашање.

“После 7 и пол години борба за подобрување на велосипедскиот сообраќај во градот, одеднаш сме во ситуација на градските власти да им објаснуваме дека не е во ред сред велосипедска патека да стојат контејнери. Ете толку елементарно и апсурдно ниво. Ете толку враќање на почеток. Седум години се бориме да се ослободат велосипедските патеки во градот. И почнаа да се ослободуваат. Од автомобили, билборди, бандери, трафики и останати пречки. Го поздравувавме секој минорен чекор напред.

velograd

Сето тоа резултираше со очигледен пораст на велосипедскиот сообраќај. Дел од луѓето ги оставија автомобилите затоа што сфатија дека онаму каде што има безбедна и проодна велосипедска патека, можат побрзо да стигнат со точак или електричен тротинет отколку со автомобил“, велат од иницијативата.

И сега одеднаш, додаваат од таму, без никаква анализа решија да сместат контејнери на тешко ослободените велосипедски патеки, a на неослободените да ги потврдат старите лоши локации со уште поголеми контејнери кои оставаат уште помал простор.

Од „На точак“ бараат ослободувањето на постоечките патеки и изградба на нови да продолжи во остатотокот од градот, а не да се креираат нови проблеми на оние патеки кои биле горе-долу слободни и решени.

Овојпат ќе возиме вонредна по важност критична маса на која силно ќе се спротиставиме на повторно узурпирање на велосипедските, но и пешачките патеки! Овојпат ќе бидеме гласни! Тргнете ги контејнерите од патеките! “, се вели во повикот од „На  точак“.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top