Насловна / Арт и дизајн / Денес во 19 часот „Оваа зграда зборува (за солидарноста)“

Денес во 19 часот „Оваа зграда зборува (за солидарноста)“

ОВАА ЗГРАДА ЗБОРУВА (ЗА СОЛИДАРНОСТА) е настан што се организира како дел од годишната програмата на ФР~У, a ќе се одржи денес во 19 часот преку Зум платформата.

Во прилог е линкот каде можете да се вклучите со коментари и прашања на дискусијата како и линк од Феисбук евентот каде може да го следите во живо настанот.

Линк зум: https://us02web.zoom.us/postattendee?id=2

Линк фб евент: https://www.facebook.com/events/392232595354367

___ ______ _______ ___________-_______resize

ОВАА ЗГРАДА ЗБОРУВА (ЗА СОЛИДАРНОСТА)

колектив/заедница/јавен простор/изведба

Интернационалниот симпозиум на тема интердисциплинарните практики и делувањето во јавниот простор е дел од новата програмска линија на ФР~У која предвидува серија предавања за заедничкото/колективното, уметничко и активистичко делување во јавниот простор. Преку неколку локални и интернационални релевантни примери кои ја претставуваат оваа интердисциплинарна пракса која е на границата помеѓу изведувачките уметности, визуелните уметности, архитектурата, театарот и активизмот ќе разговараме за можностите и потенцијалот на овие пракси да делуваат и влијаат на нови начини на перцепција на јавниот простор и вклучувањето на граѓаните во уметничките и културни настани. Ќе разговараме за колективното и заедничко делување, за потенцијалот на јавниот простор да се изведува и да се пренесе како искуство во театарски и изложбен контекст.

DCIM100MEDIADJI_0216.JPG

Учесници:

  • Воведно предавање и модерација:

Борис Бакал (театарски режисер, истражувач и активист – Фрлачи на Сенки – Загреб)

  • Драган Стојчевски (сценограф, катедра за алтернативен и куклен театар – Академија за изведувачки уметности (ДАМУ) Прага.
  • Миа Давид (архитектка, сценографка и кураторка, Факултет за архитектура и сценски дизајн – Нови Сад)
  • Кристина Леловац (актерка, доцент на УКИМ Факултет за драмски уметности – Скопје)
  • Филип Јовановски (визуелен уметник, културен работник, сценограф – ФР~У).
  • Отворена дискусија со публика

Оваа зграда зборува (за солидарноста) претставува продолжување и надоврзување на долгогодишната работа на ФР~У започната уште од проектот IBCT („If buildings could talk“ /„Кога зградите би зборувале“) во периодот од 2015-2019 година.

14500186_1214474951906607_124956096806398784_o (1)_resize

„Кога зградите би зборувале“ започна како регионален проект чија цел е отворање, истражување и користење на нови облици на заедничко градење на капацитети за повеќедимензионално откривање на минатото, сегашноста и иднината на одреден јавен простор, како и неговото историско и политичко значење во конкретниот локален контекст, сè со цел зацврстување и активирање на дијалогот со одредена заедница.

14434856_1213500725337363_8822989964757796573_o_resize

Оваа зграда зборува (за солидарноста) се надоврзува со активности кон креирање, продукција и соработки со учесници од локалната, националната како и регионалната и европска културно уметничка сцена. Оваа програмска линија на ФР~У има за цел да се создаде активен простор на заедницата во  кој ќе се креира и ќе се зборува за важноста на солидарноста и што таа денес значи во денешен контекст.

Она што оваа програмска активност го предлага е реализација на серија од разговори и активности кои ќе имаат за цел да создадат простор за размена, истражување и продукција на теми поврзани со темата солидарност/колектив/заедница.

Овој проект, меѓу другото, сака да ја покаже можноста на уметноста да вклучува во својата методологија, да биде социјално свесна и да гради процеси и на застапување како дел од уметничката форма, а не да има само репрезентативна функција.

14500677_1213139195373516_5435604595830545657_o_resize

Зошто темата солидарност?

Скопје е препознаен како град на солидарноста, после земјотресот градот е изграден и станува симбол на југословенската и светската солидарност. Наследството на Скопје како град на солидарноста е многу силно и важно, и затоа сакаме да го потенцираме како појдовна точка за темите на оваа нова програмска линија.

Како почетна точка(сцена), се одлучивме за Железничката зграда бидејќи сметавме дека таа ги обединува сите архитектонски аспекти на едно квалитетно живеење, создавајќи една целина од домување и  мултуфункционален јавен заеднички простор кој иницира културни активности со фокус на киното и заедничкиот двор.

Железничката зграда во Скопје е уникатен пример, за тоа како едно општество кое се стремело кон заедништво го дизајнирала градот кој требало да создаде/креира заедница.

Untitled_Panorama2_resize

Со програмската линија Оваа зграда зборува (за солидарноста) сакаме токму тоа, да ја потенцираме важноста на темата солидарност, да ги преиспитаме механизмите на нејзиното функционирање и одново да се повикаме на тие вредности.

Проектот „Кога зградите би зборувале“ имаше премиера во Железничката зграда во форма на истражувачки перформанс во рамки на МОТ во 2017 година каде во соработка со професионални актерки и дел од станарите се создаде интерактивно сценарио кое зборуваше за значењето на оваа зграда, значењето на јавниот простор и на солидарноста на оваа заедница. Овој перформанс кој претставуваше едукативна партиципативна соработка и вклученост на публиката,  понатаму продолжи да се трансформира во неколку други активности кои го мапираа киното во Железнчката зграда како важно место/јавен простор кој може да се користи за култура. Овој проект во форма на перформанс/инсталација со наслов „Оваа зграда зборува (на)вистина“ ја претставуваше Република Северна Македонија на Прашкото квадриенале за сценски дизајн и простор и ја освои највисоката награда Златна Трига во 2019 година.

PQ2019_1206_Macedonia_2048px_NK-49_resize PQ2019_1206_Macedonia_2048px_NK-81_resize

Кратки биографии на учесниците:

Борис Бакал е театарски/филмски режисер и актер, интермедијален уметник, куратор, писател, едукатор и јавен историчар. Автор е на бројни проекти, изведби, предавања, инсталации и интермедијални креации во повеќе од 20 држави во Европа, како и во Азија, Африка и САД. Неговата работа е обележана, меѓу другото, со изразено истражување на локациски/временско-специфични и интерактивни елементи на уметноста и културата. Тој е надворешен предавач/истражувач на голем број универзитети и коосновач на неколку уметнички и активистички платформи и здруженија, на пример, Летечки универзитет, Оркестар Столпник и Фрлачи на сенки, уметничка платформа која е добитник на бројни награди и признанија за својата работа.

Драган Стојчевски е сценограф и визуелни уметник. Завршил докторски студии за изведувачки уметности на Катедрата за алтернативен и куклен театар, Академија за изведувачки уметности (ДАМУ) Прага. Неговиот истражување за докторатот е насловено „Простори од другите места: Создавање простор во сценографската инсталација. Од 2019 година тој предава сценографија на истиот факултет во Прага. Покрај креирањето на сценскиот дизајн за театарот, тој прави и голем број инсталации и уметнички интервенции во јавниот простор. Тој во моментов е фокусиран на создавање на инсталации наменети за специфични јавни простори и локации во Чешка и во странство. Своите проекти ги реализирал на археолошки локалитети, музеи, во напуштени индустриски зони или рурална средина.

Untitled_Panorama3_resize

Миа Давид (Белград, 1974) е архитектка, сценографка и кураторка. Таа се занимава со современа визуелна уметност, изведувачки уметности и културен менаџмент. Дипломирала на Архитектонскиот факултет во Белград, а магистрирала и докторирала на Групата за сценски дизајн на Универзитетот за уметности во Белград.

Таа беше партнер во архитектонските студија ДСЗ и Блок. Таа беше основач и главен уредник на списанието Кварт и е една од основачите на невладината организација Блокови. Миа Давид е авторка на емисијата „животот како таков“ која се емитуваше две години на радиото Б92 . Работела како предавач на Факултетот за драмски уметности во Белград. Член е на Инженерската комора на Србија, Здружението на архитекти од Белград, НУНС и ИКТ (независна кураторска мрежа). Авторка е на голем број проекти од областа на архитектурата, дизајнот, сценографијата и уметноста, како и текстови објавени во различни медиуми. Изложувала во Берлин, Њу Јорк , Виена, Рено, Сараево, Загреб, Љубљана, Франкфурт, Москва, Рим, Венеција, Прага и други градови. Кураторка и една од авторите на презентацијата на Србија на Прашкото Квадриенале(2011 година). Таа е кураторка на националниот павилјон на Србија на Прашкото Квадренале 2015. Од 2010 до 2014 година, таа работеше како вршител на должноста директор на Центарот за култура во Белград. Работи како уметничка директорка на Фондот Хартефакт. Предава предмети од областа на сценскиот дизајн, како и современата архитектура, уметност и култура.

Кристина Леловац(1985, Скопје) е актерка и доцент на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што е докторантка на отсекот Театрологија. Нејзино поле на интерес е професионална подготовка на актерите, но и промислување на театарските пракси во контекст на (современите) политички реалности. Има настапувано во повеќе независни театарски продукции, во филмски и телевизиски проекти. Учествувала на домашни и интернационални фестивали, студиски посети, летни школи и работилници (МОТ, АРЕНА Интернационален фестивал за танц, театар и перформанс – Ерланген, TESZT – Темишвар, ИМПЛУС – Дизелдорф, Младинско гледалишче – Љубљана, Американски Стејт Департмент – Програма IVL). Таа е членка на неколку активистички иницијативи и е една од основачките на Фестивалот

за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО. Во последниве години како актерка работи на развивање на изведувачки форми во рамки на интердисциплинарни уметнички проекти базирани на истражувања, кои имаат за цел да покренат важни општествени прашања. Таков беше и перформансот „Оваа града зборува (на)вистина“, дел од изложбата со која Република Северна Македонија се претстави на Прашкото квадриенале за сценски дизајн и простор во 2019. Проектот ја освои најпрестижната награда на Квадриеналето за исклучителен кураторски, уметнички и изведувачки концепт-  ЗЛАТНА ТРИГА.

Филип Јовановски (1979, Битола/Скопје) е визуелен уметник и културен работник.

Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје , магистрирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство. Често применува кураторски пристап во своите дела и креира општествено ангажирани и интердисциплинарни уметнички проекти, притоа често работејќи со различни заедници како во проектите „Кога зградите зборувале“ и КУЦ (Културно-уметнички центар)„Текстил“. Јовановски имал самостојни изложби во земјава и во странство, и учествувал во голем број групни изложби.

DCIM100MEDIADJI_0216.JPG

Неговиот проект „Оваа зграда зборува (на)вистина“, куриран од Ивана Васева, кој ја претставуваше Република Северна Македонија на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор во 2019 година ја доби престижната награда „Златна Трига“. Тој е еден од авторите на македонскиот павилјон насловен „Ослободување на просторот“ кој се претстави на Венециското биенале за архитектура во 2018 година. Има направено околу 20 сценографии за театарски претстави, видео и документарни проекти и е добитник на неколку награди како што се: Наградата за најдобра сценографија на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (2010, коавтор), Посебна награда за архитектура од Асоцијацијата на архитекти на Македонија за проектот мобилна-монтажна галерија на ЦСУ-Скопје  (2015, коавтор), добитник на наградата Млад ликовен уметник ДЕНЕС (2013), наградата „Ладислав Баришиќ“ од АИКА – Македонија за истражувачки проект (2015, коавтор) итн.

Од 2007 година, тој е уметнички директор на АКТО фестивалот за современи уметности во Битола и учествува во раководењето на организацијата за уметност и култура „Факултет за работи што не се учат (ФР~У)“.

Испрати коментар

Scroll To Top