Насловна / Арт и дизајн / Денес АКТО продолжи во Велес и го „отвори“ муралот

Денес АКТО продолжи во Велес и го „отвори“ муралот

Продолжува програмата на јубилејното, 15-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во продукција на организацијата Факултет за работи што не се учат (ФР~У).

Денес АКТО продолжи во Велес, го „отвори“ муралот – СОЛИДАРНОСТ, МОБИЛНОСТ, ИДНИНА на уметникот Давор Кешкец.

4_resize

На површина од околу 300 м2, ,  муралот е изработен  на 86 метри во  должина и 2,5 метри висина, а заради сообраќајните правила и прописи едно метро од коловозот нема да биде покриено со содржината на муралот.

5_resize

Стручно мислење за визуелниот израз на муралот даде комисија во состав на истакнати уметници од Велес, формирана од градоначалникот со одлука  на Советот на Општина Велес. Во рамките на оваа активност, потпишан е и меморандум на соработка помеѓу ФР~У и Општина Велес.

6_resize

По минатонеделното отварање на 15-тиот АКТО фестивал со муралот во Битола, муралот на домот на култура во Ченто, фестивалот продолжи и во саботата со муралот во Гевгелија на уметникот Миле Ничевски во соработка со М.Ц. Гевгелискиот мурал повикува на солидарност на комшиите, на заедништво во борбата со пандемијата која во изминативе неколку месеци потполно го редефинира секојдневното живеење. На муралот во еден дел стои и натписот на гевгелиски дијалект „И уф арно и уф м`ка комшијата е тука”, што во „превод”значи „Комшијата и во арно и во лошо”.

2_resize 3_resize

Петнаесеттиот Акто фестивал за современи уметности продолжува со интервенции во други градови низ државата во соработка со локалните заедници и различни партнери.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top