Деканот на Градежнниот факултет на државниот универзитет „Свети Кирил и Методија“, Горан Марковски е кандидат за градоначалник на Град Скопје на граѓанската платформа „Независни заедно“ на претстојните локални избори. Кандидатурата на професорот Марковски е поддржана од граѓанските иницијативи на „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“.
„Професор д-р Горан Марковски е истакнат интелектуалец и борец за безбедно и убаво Скопје. Заедно да му дадеме шанса на градот, шанса да го водат стручни лица со храбро лидерство и визија за поубав град по мерка на човекот“, велат од „Независни заедно“.
„Независни заедно“, денес во 9:30 часот на прес-конференција пред Камениот мост, пред споменикот на Грмиџиите ќе го промовираат кандидатот за градоначалник Проф. д-р Горан Марковски.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија