Насловна / Вести / Да се живее во мир

Да се живее во мир

Зошто бучавата не прави болни?

На почеток едно прашање: „Колку е бучен вашиот дом“? Живеењето под константно високо ниво на бучава може да има долгорочни ефекти врз вашето здравје.

Домот треба да биде оаза на мир и тишина, место каде ќе побегнете од секојдневието и бучавата ќе ја оставите надвор. Но, не живеат сите во мирна селска идила. Сообраќајниците во урбаните зони создаваат перманентна бучава. Бучавата брзо станува досадна и вознемирувачка, мошне иритантна и може да има негативно влијание врз нашето физичко, психичко и социјално здравје.

3_resize

Константната изложеност на бучава може да предизвика разни проблеми:

  • Неможност за концентрација
  • Кардиоваскуларни болести
  • Стомачни проблеми
  • Несоница
  • Депресија
  • Тешкотии при учење кај децата

Сите овие симптоми не смеат да се потценуваат и нивната вистинска причина често е непозната. Загадувањето со бучава се потценува и игнорира, а тоа е нешто на што како човечки битија не можеме да се навикнеме. Гласните звуци предизвикуваат стрес на кој реагира нашето тело – дури и кога спиеме.

TRO_LSK_RenoSpezial_E-4_resize

Можеме да ги затвориме очите, но нашите уши секогаш се во рецептивна состојба. Бучавата е секаде околу нас, дури и на нашиот куќен праг, место каде сакаме да се одмориме од стресниот ден. Доволно причини да примените звучна изолација во вашиот дом. Екстерната бучава продира во домот и тамо каде отворот е најмал, на пример низ прозорец. Старите прозорци, најчесто се и најслабите места. Решението не е само во соодветното застаклување, туку подеднакво е важна и употребата на соодветен профил и можеби најважното, вградувањето да го направат стручни лица.

Мерките за звучна изолација, не само што ја зголемуваат вредноста на вашиот имот, туку претставуваат долгорочна инвестиција во кавалитетот и здравјето на вашето семејство.

TRO_LSK_RenoSpezial_E-7_resize

Што е бучава?

Бучавата може да се дефинира како „прекумерен и несакан, вознемирувачки звук“. Што сметаме за бучава, зависи од самиот звук, неговите физички карактеристики, фреквенции и акустичен притисок. Дали е нешто гласно исто така зависи и од нивото на позадинската бучава. Тоа е бучава која не следи деноноќно и за која често не сме свесни и ја сметаме за тивка. Нивото на позадинска бучава опаѓа во текот на ноќта, па така одредени извори на бучава изгледаат погласни отколку во текот на денот. На пример; камион кој поминува по фреквентна сообраќајница звучи потивко од оној кој поминува по некоја зона вон градот. Исто така, начинот на кој препознаваме бучавата е различен.

1

Добар пример е гласна музика од стан покрај вашиот, вам може да ви се чини прегласна, а на соседот недоволно гласна. Ситуациите во кои се наоѓаме или она што го правиме, одредува дали бучавата ќе ја доживееме како непријатна. Доколку некој чита книга или сконцентрирано работи на компјутер, ќе биде чувствителен на тивки звуци.

Темата звучна изолација се повеќе се наметнува и кај новите и кај реновираните објекти. Причините се јасни. Се повеќе автомобили предизвикуваат се повеќе бучава, која може само да се зголемува. Околу две третини од популацијата чуствува големо оптеретување, особено од сообраќајната бучава.

Index zvučne izolacije_resize

За да се заштитиме од надворешните влијанија, барем во нашите домови, мораме да обрнеме внимание на материјалите кои ги употребуваме за градење. Дури и во старите куќи е можно да се осигура, во иднина бучавата да се задржи надвор. Во овие случаи најслабите места обично се прозорците. Стари прозорци со еднослојно стакло можат да сепречат бучава максимум до 20 децибели. Што ни приближно не е блиску до денешното ниво на бучава (75 децибели на фреквентни сообраќајници). Прозорци со стандардно изолационо стакло можат да постигнат 32 децибели и успеваат да го редуцираат звукот за 1/10. Прозорци со функционално изолационо стакло постигнуваат и 45 децибели, редуцирајќи го нивото на бучава 1/24. Ударот на прозорците зависи од позицијата и конструкцијата на куќата. Застаклувањето, рамката и дихтунзите според тоа треба да се одберат. Потешко и пофлексибилно прозорско окно, бара повисока изплациска вредност, а ги зголемува и барањата кои се однесуваат на рамката на прозорецот. Прозорците мора да ги монтираат стручни лица, бидејќи тоа гарантира чисти и споеви кои нема да пропуштаат воздух во споевите на прозорците и ѕидот. Спој, отворен само еден милиметар, може да доведе до зголемување на звукот и до 10 децибели. Тоа е премногу, особено ако се земе во предвид дека, луѓето го перцепираат намалувањето на бучавата од 10 децибели, како намалување на интензитет на бучава за пола волумен.

2_resize

Факти за бучава!

Бучавата се произведува прилично едноставно. Бучавата создава притисок на звучен бран и се шири во кругови подеднакво во сите насоки. Овие звучни бранови се молекули во воздухот кои вибрираат, при тоа воздухот станува средство за распростирање на бучавата. На овој начин се пренесуваат вибрациите (звук пренесуван преку воздух) до нашиот ушен канал и потоа, по пат на трите најмали коски во човековото тело (чекан, наковална и узенгија) до нервниот рецептор.

Dijagram zvučnog pritiska_resize

Нивото на звучниот притисок се мери во децибели – dB. Генералната скала на звучниот притисок почнува од 0 (праг на горната граница на слухот) и расте нагоре без ограничувања на скалата. Ако нивото на звукот е зголемено за 10 децибели, ние тоа го доживуваме како зголемување на интензитетот на звукот за пола. Ако нивото го намалиме за 10 децибели, тоа го доживуваме како намалување на интензитетот на звукот за пола. Фреквенцијата на звукот е независна од ова. Таа се однесува на брзината на осцилациите по секунда. Како е фреквенцијата повисока, така е повисок и тонот. Човековото уво покрива спектар од 16 херци (бас) до 16000 херци (сопран) и е најчувствително од сите сетила.

TROCAL, KOMMERLING и KBE, ќе ви овозможат да го изберете вашиот нов систем на прозорци за да почнете да живеете во оаза на мир и тишина во вашиот дом. Вашиот прозорец за подобар свет!

555_resize

 

Испрати коментар

Scroll To Top