Насловна / Архитектура / Чудото на архитектурата го слави својот 20-ти роденден(ВИДЕО)

Чудото на архитектурата го слави својот 20-ти роденден(ВИДЕО)

Данската престолнина Копенхаген и шведскиот град Малме се поврзани со еден пат – осум километарскиот мост Ересунд, кој продолжува во подводниот тунел на вештачкиот остров.

most2
Мостот Ересунд е еден од најфасцинантните мостови на светот, затоа што е комбинација на мост и (подводен) тунел, а за потребите на неговата изградба е направен цел вештачки остров.
Во исто време, ова е најдолгиот мост на светот кој ја преминува државната граница.
Мостот Ересунд е наменет за патен сообраќај за кој има четири ленти, додека железничкиот сообраќај се одвива на две лент. Овој мост е најдолгиот комбиниран мост-тунел од ваков вид во Европа.

most
Идејата за поврзување на двете копна преку Ересунд постоела уште пред Втората светска војна, пред која била одбиена. Детално е проучуван во 1950-тите и 60-тите години од страна на владите на Шведска и Данска, но повторно е одбиено во 1970-тите години, заради економската состојба и загриженоста за природата и последиците што градежништвото може да ги има врз неа.
Конечно, според проект на данскиот архитект Џорџ К.С. Рот пред компанијата „COWI“, изградбата е почната во 1995 година. Последниот дел е инсталиран во 1999 година, а мостот-тунелот беше официјално отворен на 1 јули 2000 година, пишува Национална географија.

most1
Мостот се протега од Малме до вештачкиот остров Пеберхолм, кој се наоѓа на средина на морето. Овој остров е направен од материјал ископан од морското дно за време на изградбата на мостот.
На тој остров, мостот се претвора во тунел со вкупна должина од четири километри, од кои три и пол километри се наоѓаат под морската површина. Тунелот се состои од дури пет помали тунели, од кои четири се наменети за патен и железнички сообраќај, додека петтиот е за евакуација.
Овој мост го минуваат над 20 милиони луѓе годишно, а повеќето се оние кои живеат во Шведска и работат во Данска, и обратно. Погледнете како изгледа возењето на овој мост во видеото.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top