Насловна / Вести / Чистење на Тихиот океан од пластичен отпад

Чистење на Тихиот океан од пластичен отпад

Тим на научници и инженери предводен од 24-годишниот холандски пронаоѓач Бојан Слат, започна амбициозен проект, чистење на Тихиот океан од пластичен отпад.
Чистењето на океанот започнува во Северна Калифорнијиа. Холандскиот пронаоѓач Слат потенцира дека се работи за подрачје кое е два пати поголемо од Тексас.

1
„Доколку чистењето би се вршело со бродови и мрежи, потребни се околу 79.000 години отпадот да се исчисти“, објаснува овој 24-годишник.
Бродот исплови од Аламида. Со себе влече огромен уред за масовно собирање на отпад чива тежина се проценува на 88.000 тони.
Пластиката и останатиот собран отпад би можеле да се рециклираат и продаваат со надеж дека системот еден ден би можел да се самофинансира.
„Очекуваме секоја петта година да го собереме отпадот од половина на површината на Пацификот“, вели Слат.
Уредот всушност личи на огромен гасовод, но необичната направа долга 609 метри наскоро ќе тргне во пресметка со она што ширум светот е познато под името „Голем пацифички тепих од отпад“.
„Мислам дека идејата е добра, но ако го исчистиме отпадот, а не ја сопреме пластиката на самиот извор, ќе имаме уште поголем проблем“, укажа Д-р Џери Шубел, еден од челниците на организацијата „Пацифички аквариум“(Aquarium of the Pacific).
Пластичниот прекривач почнал да се формира уште во половината на минатиот век. Се вели дека се состои од неколку милијарди парчиња отпад.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top