Насловна / Архитектура / „Церак виногради“- прва станбена населба во Србија која е културно наследство

„Церак виногради“- прва станбена населба во Србија која е културно наследство

Со одлука на Владата на Србија од 25 јануари, населбата „Церак виногради“ (Церак 1 и Церак 2) стана првата комплетно станбена населба под ингеренции на Заводот за заштита на споменици од културата на Град Белград.
Населбата се протега на површина од 76.95 хектари, во неа има околу 15.000 жители, а поради специфичната архитектура, историската и културна важност, како и поради автентичниот изглед кој не се менувал последните три децении претставува своевиден симбол на српската престолнина.

11
Населбата е подигната на простор каде предходно немало градби, а нејзините творци, архитектите Миленија и Дарко Марушиќ и Недељко Боровница, вредно работеле на остварувањето на својата замисла скоро цела деценија, колку што траела градбата на комплексот, пишува белградска „Политика“.

Prezentacija_12.10.2018-3
Едно божиќно утро 1979. воен камион натоварен со маси од Институтот за архитектура и урбанизам се паркирал на градилиштето на Церак. На ледина од 92 хектара се сместиле и авторите на проектот, победници на повиканиот југословенски конкурс, распишан две години порано. Тоа место оддалечено десетина километри од центарот на Белград се до 1988. година било нивен дом, но и дом за 50 инженери. Лозјата на место на церова шума за девет и пол години ги заменил комплекс од 67 објекти и 3.650 станови.

1
„Кампот на градилиштето имаше греење, менза, подвите на бараките завршуваа со лајсни. Тука славевме Нови години, родендени, работевме за викенди, бидејќи комплексот мораше да биде завршен вчера. Низ прозорците на бараките додававме цртежи и гледавме како тие стануваат ѕидови. Рушевме кога не се ѕидаше по проект. Во тоа време зборот на архитектот беше последен“, се потестува Миленија Марушиќ.

6
Секој понеделник во седум часот наутро доаѓал Живорад Ковачевиќ, тогашниот градоначалник на Белград. Го чекале извештаи, што е изградено, кои материјали се вградени, се разговарало за проблемите и истите се решавале. Набљудувал како се нижат троспратни и шестоспратни згради од монтажни елементи, индустриски произведени.
Првите жители на новото „градче на брдо“ пристигнале во 1981 година. Дочекани биле светски: војна музика, трибини накитени со југословенско знаме, а во публика претседателот на општината, министерот за одбрана, претставници на инвеститорот, изведувачи…

7
Октомвриската награда за архитектура 1981. отвара нова ера за „Церак виногради“. А жителите на Церак 1 секојдневно бараат совети од авторите на комплексот, кое цвеќе да го засадат во жардињерите, носат цртежи и песни за населбата. Пристигнуваат и идните жители на Церак 2, но најпрво во трокатниот опитно – изложбен центар.

„Освен податоците и цртежи со решенија за становите за Церак 2 во центарот се изградени најмалиот и најголемиот стан со мебел и опрема која нашето тржиште тогаш ја нудеше. На тој објект е применет и експеримент за соларна енергија: на кровот се вградени колектори за загревање вода и проектирани ѕидови за загревање на просториите. Зградата беше и команден центар за кабловска телевизија која во тоа време прв пат е воведена во Белград“, вели авторката на населбата.

4
До 1987. Година „Церак виногради“ имале околу 12.000 жители и бројни содржини: Војномедицински центар, месна заедница, самопослуги, градинки, основно училиште, паркови и улици со имиња на засадените дрва: кедрови, липи, брези, дабови.
Авторите тогаш веќе можеле да го напуштат своето ремек-дело, но не и да ги прекинат контактите со жителите. Ги одржуваат и денес. Да не е така, не би можеле да спречат еден обид за надградба. Бесплатно изработиле десетина проекти за адаптација на станови. Успеале да спречат проширување на пазар во населбата, во населбата за три децении не е подигнат ниту еден киоск. Понудиле типски проект на застаклување на лоѓиите, но пради бирократски пречки никогаш не заживеал. На хартија останал и проектот за 1.000 градинарски градини со стази и спортски центар.

3
Авторска архитектура
Извадок од текстот на предлагачот Завод за заштита на спомениците од културата „Церак виногради“ (Церак 1 и Церак 2) да станат културно наследство – просторна културно – историска целина:
„Населбата е прв современ станбен комлекс во Белград кој е во процедура да стане културно наследство. Основната вредност на населбата „Церак виногради“ е севкупната интеграција на природното опкружување, физичката структура и животот во нејзе, што во методолошка смисла претставувало новост во домашната градителска пракса на седумдесетите години од 20. век. Планираните елементи на соседството, пешачките улици, насочување на жителите кон заедничките простори (парк, јавни објекти, јавни простори) во оваа населба се реализирани на единствен начин во нашата средина. Населбата ја одликува авторска архитектура и може да се спореди со други историски целини во Белград како што се „Косанчиќев венац“ и „Котеж Неимар“ по амбиенталниот карактер, што претставува основа за нејзина заштита“.

5
Населбата од 2016. година била во процедура да се прогласи за културно наследство, а од сега тоа е и званично. Ова меѓу останатото значи, дека мора да се сочуваат сите природни вредности на овој простор, како што се зелени површини, паркови и дрвореди, па дури и видови дрвја на улиците по кои тие го добиле името, како и зачувување на урбаната матрица, игралиштата, терените, сообраќајниците. Освен тоа, забрането е со доградби и надградби да се наруши автентичноста на целиот амбиент, а населбата пред се мора да остане станбена како е и осмислено.

Испрати коментар

Scroll To Top