Насловна / Вести / Бугарите се нови концесионери на Злетово и Тораница

Бугарите се нови концесионери на Злетово и Тораница

Бугарската компанија „Минстрој” и официјално е новиот концесионер на рудниците за олово и цинк  Злетово и Тораница. Владата на седница ги потврди резултатите од лицитацијата за концесијата за рудниците Злетово и Тораница, а денеска ќе се објави и во Службен весник.zletovo-i-toranica

На оваа одлука жалби најавија компаниите „Минеко“ од Велика Британија и „Металфер“ од Србија, кои не учествуваа на лицитацијата.

На аукцијата за јавно наддавање учествувале три компании – бугарската „Минстрој”, руската „Солвеј” преку рудникот „Бучим” и Градежниот институт.

Сумата која ја понуди бугарската фирма беше неколкукратно повисока од првичната – два милиони евра годишно. Концесијата е на 30 години.

По завршување на стечајната постапка се очекува дека за два месеци рудниците ќе почнат со работа. Вкупните побарувања за двата рудници се 8,5 милиони евра. Проценката на двата рудници е направена и изнесува 7,5 милиони евра.

„Минеко“ и „Металфер“ поднесоа жалби до Комисијата за спроведување на постапката за доделување на концесија на рудниците. Нивни претставници тврдат дека се незаконски елеиминирани.

Досега со рудниците стопанисуваше индиската компанија „Индоминерали”. Министерството за економија лани во ноември го раскина договорот со индиската компанија за нередовно плаќање на концесијата, а рудницте отидоа во стечај. Без работа останаа околу 1.000 вработени.

Испрати коментар

Scroll To Top